Мозаикот – страст и предизвик на охридскиот сликар Никола Упевче

Академскиот сликар, конзерватор и реставратор,  Никола Упевче повеќе од 13 години се изразува во сликарската техника  мозаик. Првиот мозаик, наречен желка,  Упевче го изработил во 1999 година.

 |  Валентина Нелоска  | 
Nikola Upevce
Никола Упевче

Академскиот сликар, конзерватор и реставратор,  Никола Упевче повеќе од 13 години се изразува во сликарската техника  мозаик. Првиот мозаик, наречен желка,  Упевче го изработил во 1999 година. Мозаикот како сликарска техника е познат од дамнина, а се изведува со составување на разнобојни повеќе или помалку правилни коцкички од камен, обоено стакло и глазирана керамика. Изработката бара сериозна  подготовка, акција и организација, и кај него нема можност за корекција како во останатите сликарски техники. Според светската литература Македонија е земјата од каде што потекнува мозаикот како сликарска техника. Фреските се уништувале низ вековите, а од еден мал фрагмент од останатиот мозаик   може  да се создаде нова  целосна композиција, вели Упевче. За него посебен предизвик е мозаикот со својата вечност и продолжување на животот што го носи.

mozaikОд бројните мозаици  кои ги изработил, посебно го  нагласува сводестиот мозаик  посветен на Пресвета Богородица, поставен над влезот во црквата Богородица  Каменско изработен во 2005 година. Сводната површина на влезот од црковниот храм била посебен предизвик за уметникот. При изработката и поставувањето на мозаикот употребил посебна технологија и калапи. Досега има изработено околку 30 квадратни метри лични креации на мозаици. Тие отсекогаш преставувале уметност на престиж која можеле да си ја дозволат царевите или црковните великодостојници, но таа и денес  е една од најскапите сликарски техники.

mozaikНикола Упевче покрај тоа што изработува мозаици  е посветен и на  реставрација на истите. На археолошкиот локалитет Плаошник  повеќето мозаици  кои се презентирани се работени во периодот од 2001 до 2010 година. Упевче  има  реставрирано мозаични површини од околу 1500 м квадратни. Учествувал на бројни конференции во европските центри, како Равена, Палермо и Арл кои се занимаваат со реставрација на мозаици и ги запознавал со нашето непроценливо културно наследство. Деновиве се подготвува за патување во Словенија, каде е ангажиран како консултант за реставрација  на археолошкиот локалитет Симонов залив во Изола.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top