Во населбата Гоце Делчев секое утро се одржуваат мото трки. Жителите стравуват за својата безбедност, а од преголемата бука неможат да спијат. Бараат итна интервенција од СВР Охрид.
Улицата Момчило Јорданоски, стаза за мото трки. Моторџиите од градов секој ден околу три часот наутро се собираат на оваа улица и си ги одмеруваат силите, велат граѓаните кои живеат под бараките. Оваа нивна забава стана наша ноќна мора, додаваат тие. Моторџиите понекогаш возат и со брзина од 100км на час, раскажуваат револтирано.
Трките од забава можат да се претворат во трагедија, загрижено кажуваат мештаните. Еден жител вели дека покрај што меже да настрада некој пешак или возач, многу лесно жртви можат да бидат и самите моторџии. Порано, кажуваат тие, на оваа улица имало поставен забавувач на брзина т.е. популарно наречен лежечки полицаец, но од непознати причини истиот е отстранет. Од тогаш ситуацијата е уште полоша. Граѓаните тврдат дека за овие трки повеќепати се јавувале и пријавувале во СВР Охрид, но досега ништо не е превземено. Од СВР пак велат дека таква пријава во нивните служби, нема. Портпаролот Стефан Димоски, рече дека уште денес ќе се испрати екипа на терен за да се испита овај случај и доколку се констатира дека има прекршување на законот против сторителите ќе се превземат санкции
„Се надеваме дека полицијата ќе ги превземе соодветните мерки и тоа час поскоро. Да не дозволиме да се случи некој немил настан зошто потоа се е залудно“, велат граѓаните.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град