Мотивот за вчерашната трагедија – мистерија

По немилиот настан синоќа, охриѓани сеуште во шок. Охридската чаршија плете разни приказни за семејството и причините за вчерашната несреќа во Охрид. На различни места, различни приказни, но која од нив е вистинската и дали воопшто некој нешто знае, останува прашање.

 |  Татјана Маленкова  | 
policija
полиција

По немилиот настан синоќа, охриѓани сеуште во шок.

Охридската чаршија плете разни приказни за семејството и причините за вчерашната несреќа во Охрид. На различни места, различни приказни, но која од нив е вистинската и дали воопшто некој нешто знае, останува прашање.

Stefan DimoskiПортпаролот на СВР Стефан Димовски официјално го потврди идентитетот на сега починатите пронајдени безживотни тела во семејната куќа на ул.„Момчило Јордановски“ во Охрид.  Станува збор за брачните сопружници Борка В.(33) и Игор В.(35) двајцата од Охрид. Димовски потврди дека на местото на несреќата  увид извршиле екипи на СВР Охрид, Истражен Судија и Јавен Обвинител од Основниот Суд во Охрид, како и Доктор – Патолог.

„ Кај сега починатата Борка В. констатирана е прострелна рана  во пределот на десната слепоочница додека нејзиниот сега починат сопруг Игор В. се здобил со четири прострелни рани  во пределот на грбот, слабините и рамото. На лице место, од страна на полициските службеници, пронајдени се повеке чаури и куршуми од огнено оружје-пиштол марка  ЦЗ-99 калибар 9 милиметри“, истакна портпарол на СВР, Стефан Димовски.

Димовски потврди дека во текот на увидот било пронајдено огненото оружје – пиштол, сопственост на починатата Борка, вработена како полицаец во Полициската станица за граничен премин Аеродром Охрид и кој службено го поседувала.

„При увидот, забележани се траги од оштетувања од проектили на sидовите, дограмата и покуќнината кои се подигнати и испратени на вештачење во МВР на РМ во Скопје“, додаде Димовски.

Портпаролот на СВР, уште додаде, дека по наредба на Истражен Судија, во текот на денешниов ден ќе биде извршена обдукција. СВР Охрид презема дополнителни мерки и работи на целосно расветлување на овој настан.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top