Патеката до хотелот Парк, ќе биде исклучиво за пешаци. СВР најавува дека за сите кои ќе го прекршуваат ова правило ќе следат казни.
Граѓаните се жалат дека се уништува рекреативниот простор на линијата Билјанини извори – хотел „Парк“. Во дописот испратен до нашата ТВ куќа стои цитирам „Моторни возила минуваат по пешачката патека. Тоа може да се објасни со недоволно внимание од страна на полицијата, и фактот што е невозможно да се спречи апсолутно секаков сообраќаен прекршок“, завршен цитат.
По овој допис експресна реакција на СВР Охрид. „Од денеска започнува подигнување на мостот кај Билјанини извори за еден степен на средното ниво на мостот“, вели портпаролот на СВР Стефан Димовски.
„Оваа мерка е една од превентивните што службата ги превзема во делот на намалување и елиминирање на сите опасности кои се на пешачката патека од каналот према хотелот Парк. Службата превзема и други мерки како физички препреки за сите видови моторни возила по оваа патека“, вели портпаролот на СВР ,Стефан Димовски.
Полициските службеници овој месец ќе вршат превентивно делување и предупредување на сите учесници во сообраќајот на овој дел од патеката, кои се движат со моторни возила. Од наредниот период ќе превземаме и репресивни мерки со поднесување на соодветни пријави, додава Димовски.
„Во координација со центарот за обука на вода за лицата со хендикеп, мостот ќе се спушта и повторно крева“, додава Димовски.
Инаку оваа патека ќе биде исклучиво за пешаци во текот на целата сезона. Мостот подигнат ќе биде секој ден до 22.00 часот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град