Отпочна санацијата на „Мостот на желбите“

Отпочна санацијата на „Мостот на желбите“. Oд викендов повторно може да се оди по него.

 |  Маленкова Татјана  | 
most na zelbite
мост на желбите

Деновиве започна санацијата на Мостот на желбите, кој пред помалку од две недели беше разнесен од силните бранови и надојденото езеро.

„Ние веднаш преминавме на санирање и а три дена го саниравме, но сеуште неможеме да ги ставиме сите талпи одзгора затоа што сеуште водсојот е висок и при ново невреме повторно може да дојде до оштетувања. Но преку мостот од викендов веќе можат да се движат пешаците затоа што ова стана главна артерија и за жителите во то дел на градот и за бројните туристи што го посетуваат Охрид. Затоа побарзаврме да им го овозможиме овој пристап“, истакна Митко Пендо.

Мостот на желбите беше оштетен во невремето кое го зафати Охрид, пред две недели. При тоа беа Mitko Pendo откорнати клупите, оштетена инфраструктурата, а беа поплавени и дворовите на охриѓани кои живеат на самиот брег од езерото.

„Гледате дека навистина е квалитетно направен, но водата е голема сила. Во моментов ниовото на охридското езеро е 23 сантиметри над максимално досволеното. Мора нешто да се превземи со време за повторно да не се оштетува. Не се работи само за мостот . Оштетни се кафетериите покрај езерото оштетен е кејот . Во сите куќе кои се покрај езерото има оштетувања на дворовите . Во десеттина од нив влезе вода во домовите . Не треба да се дозволи езерото да биди на оваа висока кота“, вели Пендо.

Инаку, мостот кој пред неколку години беше поставен како донација од фондацијата „Рамковски“, веќе неколку пати беше саниран поради оштетувањата од разорните бранови.

Пендо стравува дека доколку докде до поголемо невреме, поради високиот водостој на езерото ќе има уште поголеми оштетувања. Толму поради тоа според Пендо надлежните треба уште во септемвр и октомври да започнат со испуштање водата преку Друм, за да можеме овој период полесно да ја контролираме.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top