„Мост на желбите“ ќе ги поврзува Г`рдано и Потпеш

Градежните зафати на пешачката патека се при крај. Неколку денови пред официјалното отворање  Kапетанија со обвинувања, дека за мостот нема одобрение за градба и дека не се гради по сите прописи.

 |  Татјана Маленкова  | 
most
мост

Градежните зафати на пешачката патека се при крај. Неколку денови пред официјалното отворање  Kапетанија со обвинувања, дека за мостот нема одобрение за градба и дека не се гради по сите прописи.  

мостЗа Мостот кој ќе ги поврзува Г`рдано и Потпеш, нема одобрение за градба, обвинуваат од Охридската капетанија. Капетанот Љупчо Настоски вели дека секојдневно доаѓаат граѓани кои од нив  бараат да изнајдат начин со кој ќе ги стопираат градежните зафати.

„Нас како дражавен орган, ни локaлната, ни инвеститорот не не имаат известено за градбата на пешачката патека кај Потпеш“, се жали капетанот.

„Потегот под Долни сарај од Грдано  до Потпеш претставува природна реткост што треба да се заштити. Градбата доколку се гради, треба да биде со дрвени колци а не метални„ додава тој.

Спротивно на тврдењата на капетанот, иницијаторите и изведувачи на  проектот тврдат дека дозвола за градење на пашачката патека има, и дека се се работи според проект на локаланата самоуправа.„ Ние како иницијатори на овој проект само ја убрзавме постапката за изградна на пешачка патека. Знаете дека според ДУП за овој потег, ваква патека е уцртана многу одамна. Нема да коментирам на обвинувањата дека овој мост на некого му смета. Ќе оставам времето да покаже колку Охрид ќе добие со овој проект“, вели Пендов.

Митко Пендов со експересна реакција и на обвинувањата дека мостот не се гради по стандарди.

Тој вели „Капетанија наместо да се занимава со проблеми кои не се во нивна надлежност, нека се потруди да воведи ред  во сообраќајот во езерото, за да нема жртви“.  

Инаку пешачката патека се очекува да биде пуштена  во употреба на 8  ми септември. Оваа градба ќе биде наречана „Мост на желбит“. На него ќе бидат поставени месингени зодијачки знаци и секој кој ќе оди по таа патека ќе може застанувајки пред својот знак и гледајки кон Св. Наум да си замисли желба. Проектот за пашечката патека од Г`рдано до Потпеш е на Општина Охрид, а инвеститор е фондацијата Рамковски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top