Каква ќе биде судбината на Мостот на желбите

Мостот на желбите заборавен од надлежните. Мештаните
апелираат локалната да поводи повеќе сметка околу неговото одржување. Велат дека тој е многу важен за да може да функционира овој дел од градот.

 |  Јаковлева Лионела  | 
most na zelbi
мост на желби

Жителите на населбата Канео, сопствениците на рестораните кои се наоѓаат на овај дел од крајбрежјето, но и граѓаните кои го користат Мостот на желбите за прошетки, алармираат за неговата состојба. Тој при секое невреме и налет на ветерот југ и високите езерски бранови се оштетува, велат очевидците. За тоа придонесува и високото ниво на водата кое беше застапено во последните неколку зими, додаваат тие. Митко Пендов, сопственик на ресторанот Потпеш вели дека мостот е квалитетно направен , но треба да се одржува.мост на желби

Ние го санираме колку што можиме, но тоа доста чини. Зтоа мора државата или локалната да се погрижат за тоа, вели Митко Пендов-сопственик на ресторанот Потпеш.

Пендов кажува дека во летниот период по мостот поминуваат преку 2000 луѓе. Тој е многу важен за поврзување на градот со населбата Канео, додава тој. Откога пред пет години бил изграден заживеал овој дел на Охрид. Се отвориле пет- шест ресторани, мештаните на Канео кои имаат апартмани полесно ги издавале, а туристите полесно стигнувале до црквата Св. Јован Канео, објаснува Пендов. Затоа апелира локалната да поводи повеќе сметка околу неговото одржување.

Во текот на оваа недела ќе се видам со надлежните во локалната и ќе разговараме за судбината на мостот.Се надевам дека ќе наидам на добар прием, потенцира Пендов.

Инаку, мостот на желбите сеуште е дивоградба. Охриѓани очекуват новата локална власт да го реши овој проблем. Тие потсетуваат дека во предизборбната кампање на сегашниот градоначалник било ветено дека ќе има поквалитетно поврзување на овој дел од градот. Се додека не се изнајде некое трајно решение сугерираат да се одржув постоечкиот мост.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top