Кирил Трендафилов Нанче максимално ќе соработува со невладиниот сектор во градов, се со цел да направи успешна општина.
Кирил Трендафилов Нанче максимално ќе соработува со невладиниот сектор во градов, се со цел да направи успешна општина.
Денес тој со претставници на невладините организации разговараше за актуелните проблеми со кои се соочуваат.
„Во ситуација кога имате ограничени човечки ресурси секоја идеја на добронамерен граѓанин е од корист за работата на општината. Таа ќе функционира врз база на проекти“, рече кандидатот за градоначалник Кирил Трендафилов Нанче,на средбата со претставниците од повеќето охридски невладини организации.
Претставникот на здружението на жени „Бисера“ изјави дека во досегашниот период соработката со градоначлникот е на пристојно ниво, но сепак би можело да се направи уште нешто на тоа поле.
Мартиноска додаде дека, во минатото еден од проблемите со кој се соочувале организациите е закажувањето на термин за средба со градоначлникот и реализирање на истата со него.
Кирил Трендафилов потенцираше дека ќе се работи на подобрувањето на комуникацијата со невладините организации . Со помош на електронска пошта се предвидува да се олесни начинот на комуницирање. За таа цел кандидатот за градоначалник исто така предлага редовни средби со претставниците на организациите, за да можат истите редовно да ги прелагаат своите идеи.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град