Монструозно убиство во Слатино

Познат стрител на кривично дело, ја зеде втората жртва.

 |  Николоска Биљана  | 

Синоќа околу 19 и 3о часот пред дворот на сопствената куќ во с.Слатино, Спасе Митрески со неколку удари во глава со камен ја усмртил својата мајка Милена Митреска.

Spase MitreskiПоради основано сомнение убиство на свиреп начин од страна на СВР против сторителот покрената е кривична пријава. Портпаролот на СВР Стефан Димовски рече дека откако случајот бил пријавен веднаш се превземени сите мерки согласно законот.

Портпаролот Димовски вели дека Митрески веќе еднаш е обележан како сторител на кривично дело убиство. Овојпат при приведувањето сторителот бил во алкохолизирана состојба.

При приведувањето, осомничениот не давал никаков отпор. На лице место извршен е криминалистичко технички увид од страна на истражен судија и јавен обвинител. Дали осум годишната казна на 32 годишниот Спасе Митрески не му беше доволна за да ја свати сторенат грешка и повторно да го направи истиот чин.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top