Младата актерка – аматер Христина Цветаноска пред охриѓани ќе настапи со монодрама „Исповед на една Егејка“.
Љубителите на драмската уметност ќе имаат несекојдневна можност, на малата сцена во центарот за култура да ја погледаат монодрамата „Исповед на една Егејка“. Текстот е обработка на романот „Небеска Тимјанова“ од Петре М. Андреески.
Монодрамата ја изведува младата актерка – аматер, Христина Цветаноска. Монодрамата е морничава исповед на една жена од Егејска Македонија, преку која писателот Андреевски го открива прашањето на Македонците за време на Граѓанската војна во Грција.
Изборот на оваа монодрама е проектна активност на професорите Славе Ѓорго Димоски и Светлана Голабоска , кои режијата и ја доверија на Анета Јованоска.Таа е координатор за млади од Црвениот крст Охрид и вели со културни настани ја развиваат хуманоста кај младите.
Монодрамата „Исповед на една Егејка“ е во траење од 40 минути. Подготвувана е интензивно 10-тина дена, а е подржана од Црвениот крст и Центарот за култура Григор Прличев. Премиерата на монодрамата е во среда во 20 часот ,а влезот за посетителите е слободен.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град