Моменти што ја одбележаа 2012 година

Годината што измина тешка за охридскиот градончалник Петрески. Додека пак, струшкиот градоначалник Мерко, задоволен од 2012. Актуелните случувања во парламентот на Р. Македонија е настан кој  ќе го памети пратеничката на ВМРО – ДПМНЕ од Струга, Затуроска.  Интересна и бурна 2012 год за претседателот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Атанаско Михаилов.

 |  Николоска Биљана  | 
petreski
петрески

Моменти што ја одбележаа 2012 година.  Охридскиот градоначалник Александар Петрески од аспект на професионален план смета дека годината што измина е најтешка од осамостојувањето на земјата, земајќи ја во предвид општата економск криза во земјава и надвор од неа.

merko„Во однос на службениот дел на 2012 можам да кажам дека беше исклучително тешка година, тоа го осеќаат и граѓаните и фирмите и компаниите и сите што работат и живеат и неможе ако за нив беше најтешка за општината и лично за мене да биде убава. Се научивме на инспекции на полиции се научивме на тоа да секојдневно работиме како да се вработини во општина значи на тие притисоци кои беа во минатиот период тоа ми остава горчина во душата“-вели Петрески.

Наспроти огорченоста на охридскиот градоначалник Петрески, струшкиот градоначалник Рамиз Мерко пак, задоволен е од годината што измина.

„Јас сум задоволен иако имаме една финансиска криза што се осеќа, но мислам дека ние не ја осетивме во некоја поголема мера. Повеќето од програмите на Советот на општина Струга се реализирани“.

zaturoskaОд економска гледна точка изминатата година беше тешка, вели струшката пратеничка од ВМРО – ДПМНЕ, Лилјана Затуроска. Но  според неа дамка на годината се актуелните случувања во македонскиот парламент.

„Со оглед на светската економска криза и европската должничка криза, меѓутоа како што гледате Владата на Р.М. Пред се Министерството за финансии многу мудро, ефикасно и ефективно направи напори да што поголем број удари од оваа економска криза да ги амортизира за да можат граѓаните на Р.М. да си ги обавуваат своите секојдневни активности. Она што се случи во изминатиот период во парламентот е настан што ќе ја одбележи годината немил настан и не посакувам да се случи во ниедна наредна година“-изјави Затуроска.

atanasko„Поминавме интересна и на крајот од годината и бурна година“ во која што имаше доста позитивни и негативни настани“, вели претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Атанаско Михаилов.

„Што се однесува на локално ниво, на партиски план направивме многу работи пред се во однос на внатрепартиската организираност структура многу активности од типот на трибини значи бевме постојано со граѓаните работевме со многу целни групи организиравме многу настани. Јас сум посебно задоволен со тоа што нашите членови и активнисти покажаа огромно разбирање за потребите на охриѓани“-додава Михаилов.

Сепак очекувањата за 2013 есета година кај сите е да биде подобра, да се надмине економската криза, како граѓаните на Охрид и воопшто во земјава би можеле да здивнат од долговите и борбата за егзистенција да биде полесна.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top