Молитва за радоста

Се повторува нашата македонска  карактеристика – да прво бидеме ценети и вреднувани во светот а дури потоа и дома.

 |   | 
nagradena slika
наградена слика „Молитва за радоста“

Охридскиот сликар Јордан Манасијески беше еден од учесниците на годинешната изложба насловена “Големите мајстори на утрешнината” што се одржа од 22 до 24 октомври во Музејот Лувр во Париз.

Како доказ за вистинската вредност на неговите уметнички дела е и почитта што му ја укажа Јапонската Асоцијација за современа уметност, прво поканувајќи го да биде дел од нивната изложбена колекција, а потоа  доделувајќи му специјална награда за неговата слика “Молитва за радоста”.

broshura

Присуството на Јордан Манасијески на Големите изложби во Париз започна пред две години на Есенскиот Салон, на кој учество земаат сликари од целиот свет и е Изложбен салон со традиција повеке од 100 години.

Овие изложби од светски ранг се место каде што се ценат вистинските вредности и квалитетот, без разлика на државата од која доаѓаат уметниците.

Сликарството на Манасијески е многу специфично и посебно, во неговите слики преовладуваат позитивни енергии и пораки, употребувајќи таинствен начин не за да добие конкретен цртеж, туку музичка хармонија која настанува од нејзината внатрешна  и мистериозна сила.

Цитирајки го Никола Николоски, виш кустос, кој за сликарството на Манасијески ќе рече:

„На прв поглед хаотичен, но со многу чувствителен и прецизен ритам на шпаклата, достига до такво сликарство во кое дури и најдлабоките доживеани впечатоци се делови од поголем организам кој би можел да се нарече апстрактен.

Смислата за форма поврзано со единственото чувство за боја негувано со години доаѓаат до ниво на непогрешлива сигурност.

Длабоко во себе сликарот преку растрепереноста на боите создава чудесен свет, чист одраз на неговата сензуална, сензитивна и нежна природа.“

После овие информации за вредноста на сликарството на Јордан Манасијески се повторува нашата македонска  карактеристика – да прво бидеме ценети и вреднувани во светот, а дури потоа и дома. Неговото уметничко творештво и во иднина ќе биде присутно на повеќе Светски Изложбени Салони, а во Охрид ремек делата на нашиот сограѓанин може да се видат во уметничката галерија “БУКЕФАЛ“ во охридската чаршија.

 
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top