„Мој Охрид, чист Охрид“ – пример кој треба да се следи

„Мој Охрид, чист Охрид“. На 9ти јуни охриѓани ќе го чистат крајбрежниот појас од Воска до Пештани, во пресрет на главната туристичка сезона. Организаторот, менаџерот на охридското Супер радио, Сашо Митаноски повикува на масовен одзив на охриѓани бидејќи чистата животна средина е за доброто на сите нас.

 |  Николоска Биљана  | 

Се е подготвено за големата Еко акција за чистење на градот. Под мотото „Мој Охрид, чист Охрид“ во организација на Супер Радио, на 9 ти јуни ќе се чисти крајбрежниот појас од населбата Воска до хотелот Десарет во Пештани. Сашо Митаноски на денешната прес конференција истакна дека веќе биле дефинирани 8 зони односно реони каде ќе се чисти, а дел од пријавените учесници веќе биле и распределени кој каде ќе чисти.

Основната идеја е да во пресрет на туристичката сезона градот да блесно во целата негова убавина, цело ѓубре кое се насобрало и кое го има на плажите да го исчистиме и да бидеме сите заедно подготвени да ги пречекаме гостите кои се надеваме дека и во оваа туристичка сезона ќе ги имаме во голем број. Ги повикуваме сите кои што се во можност, учениците спортси, еколошки друштва да и се придружат, дури не мора да се пријавуваат, можат во зоната која што е до нив да дојдат самоиницијативно итоа да го разберат како една убава прошетка“.

Здружението за планианрење и велосипедизам З`Ш Авантура исто така е дел од акцијата „Мој Охрид, чист Охрид“. Жанко Голабоски вели дека максимално ќе го дадат својот придонес за здрава и чиста животна средина. Тој смета дека тоа е за општо добро на сите а не само за туристите, кои заслужуваат езерото, градот и планината да биде ослободена од сметот кој го трупаат несовесните граѓани.

„Со овие акции ќе ги мотивираме и постарите и помладите граѓани, учениците уште од најмали нозе да ја одржуваат нашата животна средина чиста. Покрај оваа голема акција нашето здружение продолжува со уште еден голем еко проект кој ќе трае во наредните 5 – 6 месеци за чистење на планините, ЕКО Галичица 2018 со цел да привлечиме домашни и странски туристи бидејќи сите знаеме дека во подем е авантуристичкиот туризам“.

Со апел за престојната акција излегоа и активистите за здрава животна средина. Мери Нанче која е позната како еден од најголемите поборници за чиста еко средина укажува на потребата од тоа. кај секој од нас барем малку да проработи свеста за незагадена средина и да го даде својот мал придонес за зачувување на истата.

„Да покажиме на дело што можеме и колку можеме. Да го исчистиме градов,да го светнеме бидејќи ние тоа го заслужуваме. Затоа сакам да дадам еден апел до сите граѓани ко иго сакаат овој град да излезиме на 9 ти јуни, не мора сите да дојдат на зацртаните локации, секој можит да си го исчистите сокоачето, дворот, околу зграда, значи се што е можно да исчистиме“.

Во големата Еко акција „Мој Охрид, чист Охрид“ ќе се вклучат и нуркачите од клубот за подводни активности „Охрид“, кои ќе го чистат дното на Охридското Езеро на потегот пред селото Пештани. Организаторот за сите учесници во акцијата има обезбедено ракавици, најлон вреќи, вода, а исто така во предвидените 8 зони ќе има присуство и на медицински лица со цел учесниците да бидат безбедни и од тој аспект. До поодалечените реони ќе биде обезбеден и превоз.

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top