Модернизација на на земјоделското производсво најави Николовски

Министерството за земјоделство шуварство и водостопанство ја продолжува континуираната соработка со научните инстутиции при креирањето на новите аргарни политики за развој, со цел развивање на сектор прилагоден кон заедничката европска политика, истакна министерот Љупчо Николовски. Охрид домаќин на Третиот Меѓународен симпозиум за земјоделство и храна, кој е во организација на Факултетот за земјоделски науки и храна.

 |  Николоска Биљана  | 

Земјоделството е еден од најважните сектори во вкупниот бруто домашен производ, истакна министерот за земјоделство водостопанство и шумарство Љупчо Николовски на третиот Меѓународен симпозиум за земјоделство и храна, кој денес и утре се оддржува во Охрид. Одржувањето на симпозиумот се поклопува и со оддбележувањето на 70 годишниот јубилеј од Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Николовски истакна дека Министерството ќе ја продолжи континуираната соработка со научните инстутиции при креирањето на новите аргарни политики за развој, со цел развивање на сектор прилагоден кон заедничката европска политика.

Македонија е аграрна земја. Најголем дел од населението егзистира од земјоделието над 17%, овој сектор заедно со преработувачката индустрија учествува со 13% од БДП и навистина е битен и значаен и мора да делуваме на еден стратешки начин и пристап

Министерот Николовски истакна дека во моментот се подготвува петгодишната национална програма за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, во чија подготовка учествуваат и ќе дадат свој придонес не само институциите туку голем број експерти со цел вградување на целокупниот потенцијал во рамки на креирањето на политиките и стратегиите на министерството. Деканот на земјоделскиот факултет проф. Др Векослав Танасковиќ истакна дека факултетот во текот на цела година дал акцент на одбележувањето на 70 годишниот јубилеј, кој бил од исклучителна важност.

Ова е еден од настаните кој што го очекувавме сите заедно цела држава, ги собравме експертите научниците од регионот и пошироко со цел размена на искуства, да се споделат нови технологии и знаења кои што ќе им помогнат на производителите на стопанството да бидат во тек со светските трендови“.

Факултетот за земјоделски науки и храна како членка на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, претставува еден од стожерите од оваа област, истакна ректорот на факултетот проф. Др Никола Јанкуловски.

Овој денешен настан претставува еден важен момент за општествениот и научниот развој на земјоделството и земјоделските науки и храна кој што ќе даде голем придонес во општествениот и научниот развој на РМ“.

На третиот Меѓународен симпозиум за земјоделство и храна учествуваа претставници на академската заедница, на бизнис-секторот, на останати институции и реномирани научници од 26 земји.
Од овој собир очекувањата се да произлезат голем број заклучоци, корисни наоди што ќе можат да се применат во пракса, со цел успешно заокружување на процесот на модернизирање на македонскиот аграр.
Исто така на Симпозиумот ќе бидат презентирани 386 труда во сферата на научните и практичните достигнувања во областа на земјоделството и производството на храна, а самиот симпозиум ќе биде добра можност за поттикнување дискусии, соработка и натамошна научна и истражувачка дејност меѓу универзитетите, институтите, агробизнис-секторот и останатите релевантни институции. Во рамки на научниот собир во Охрид ќе се одржат уште и 39. Средба Факултет – Стопанство, 9-тиот Симпозиум за градинарство и цвеќарство, 6-тиот Симпозиум за лозарство и винарство, 11. Меѓународна конференција на Здружението на агроекономистите на Македонија, како и 39-та средба на Здружението за заштита на растенијата на Република Македонија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top