„Мобилност“ ќе добие апартмани во Охрид

Во пресрет на новата туристичката сезона членовите на Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет од „Мобилност“ ќе добијат десет реконструирани апартмани, што се наоѓаат во комплексот „Охридати“ во Охрид.

 |   | 

Реконструкцијата, која опфаќа повеќе компоненти, ќе го подигне нивото на енергетската ефикасност на објектите преку промена на надворешната и внатрешната столарија, зголемена изолација, а ќе бидат извршени и зафати за внатрешно преуредување и осовременување на објектите.

Активностите се одвиваат во рамките на проектот „Подигнување на енергетската ефикасност на јавните објекти“, што го спроведува Центарот за развој на Југозападниот плански регион, одобрен од страна на Министерството за локална самоуправа, односно Бирото за регионален развој.

Во текот на неколку месеци во Охрид, во реконструираните апартмани, ќе бидат сместени околу 700 членови на „Мобилност“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top