Мобилен парламент : Како влијае урбанизацијата врз уништување на Охридското езеро

Мобилен парламент: Како влијае урбанизацијата врз уништување на Охридското езеро.

 |  Јаковлева Лионела  | 
tribina
tribina

На јавна дебата граѓани,експерти, екологисти, ученици, политичари  ги искажаа своите ставови на темата „Дали прекумерната урбанизација го уништува Охридското езеро“.  Големата посетеност на дебатата потврди дека охриѓани и стружани се загрижени за она што му се случува на езерото.  Трибината беше организирана од страна на граѓанската асоцијација Мост, на која изостана присуството на преставници од Локалната  власт, од охридските пратеници, но и од најповиканите од Билатеријалниот секретаријат за заштита на Охридското езеро. Се слушнаа дискусии во кои граѓаните посочуваа како и кој го уништува Охридското езеро. Покрај урбанизацијата која ја нарекоа урбанистичко дивеење, како што е атакот на Плаошник, посочија и други фактори кои придонесуваат за  негова девaстација и негрижа на институциите. Потенцираа дека законите не се почитуваат, Законот за Охрид, правилата на Унеско. Со многу законски решенија се одземени правата за дејствување на институциите од локално, а се префрлени на  државно ниво. Укажаа и на погрешни законски одлуки како што е последната измена за донесување на урбанистички планови со 1/3 мнозинство од советниците.
езеро
„Се прашувам што ќе биде1/3 дали малку значи донесување на урбансистички план, да се соберат 8-мина во Советот и да донесат урбанистички план кој ќе значи многу за градот, за граѓаните и питкото езеро“, кажа советничката од редовите на СДСМ Жаклина Лазареска.

Се укажа на новата одлука  на Министерството за транспорт и врски да ги издаде под концесија плажи меѓу кои од каналот до Парк и Лагадин каде што експертите строго забрануваат сечење на  трската неопходна за биолошкиот свет во езерото.

„ Наместо ние да се стремиме кон добивање плажа со плаво знаме ние се стремиме кон поголемо уништување на охридското крајбрежје, што повеќе бетон, пластика и неприродни градби за тој простор. Плавото знаменце значи ништо да не се чепка во водата, такво знаменце  е ретко на Балканот, само 10 -тина ако го имаат добиено и тоа оние кои водат сметка за природата, “ потенцира проф.д-р Трајче Талески од Хидробиолошки завод.

Неизоставен дел во дискусијата беше и значењето на Студенчишкото блато кое упорно се игнорира како важен еколошки  фактор  за езерото.
езеро
„ Студенчишкото блато слушаме треба да се урбанизира, жално  тоа е едистсвениот филетер АКО гоурбаинираат ќе се давиме вомуљ. Да ги замолилем гарѓаните и пратените да се спелира Студенчишко блато д аостаен таткво какво што е за исдниет поколенмија не само за нас“, истакна Горан Џајкоски ЕД Грашница.

Коментирани беа и најновите случувања со загадувањето на водата кај Женска плажа во Струга, кај  Андон Дуков. Екологистите тврдат дека ова подого време е јавна тајна која сите ја премолчуваат. Се случува заради црните точки на колекторскиот систем кој 10- тина години не е во вистинска функција. Се посочија и отсуството на инспекторите на терен, прекумерната бука од кафулињата, бројните глисери кои ја загдуваат езерската вода, недоизградениот колекторски систем кај Радожда.  Присутните предлагаа решенија како да се заштити езерото од уништување , а кое Унеско го стави под своја капа како раритетно  природна и културна наследство, а ние не умееме да го чуваме.
езеро
„ Се прашуваат архитекти, а за оваа проблематика се задолжени биолозите. Би сугерирал за да се сфати што уништуваат да ја прочитаат книгата од д-р Синиша Станковиќ „Охридското езеро и неговиот животински свет“ од 1959 година. Од тогаш навака ништо не е направено за заштита на Охридското езеро и заштитата на животинскиот свет“, рече  загрижен студент.

Паднаа предлози државата да го преземе одржувањето на колекторскиот систем,  да се одвои атмосферската од фекалната канализација, да се ревитализира  Студенчишкото блато, да се забрани употребата на моторни пловни објекти, да се стопираат прекумерните градби во градското подрачје и да се гради на потегот од Орман кон Косел како и и многу други предлози значајни за заштита на Охридското езеро и сливното подрчје на неколкуте реки. Заклучоците од трибината  ќе бидат проследени до локалната самоуправа и владата.     

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top