„Емо“ банкротирана фирма

Над 1000 вработени во „Емо“ не зеле плата повеќе од 3 години.

 |  Валентина Нелоска  | 
Naum Jovanovski
Наум Јовановски

Над 1000 вработени во „Емо“ не зеле плата повеќе од 3 години.

ЕМОПлата, односно социјална помош како што велат од охридската СДСМ, земаат само вработените во новоформираните ДООЕЛ-и. Но, и тие последно зеле во септември минатата година, информираат од охридскиот СДСМ. Излегоа со констатација дека „Емо“ е банкротирана фирма, некогашната гордост на Охрид сега е трагедија на човечки судбини.

Со последното прекршување на законот за бруто плата ги замолчуваат работниците за вистинската состојба во која се наоѓа фирмата, додаваат од таму. Наум Јованоски, претседател на  ОО СДСМ, истакна дека на последниот работен работен ден во 2009 година, под притисок и закани за штрајк на вработените, се исплатени линеарно по 5000 денари во кеш. Од СДСМ се прашуваат дали на тој начин власта ја прекршува законитоста во РМ.

Заклучно со месец септември 2009, Емо остварил загуба од над 63 милиони денари или 1 милион евра. Во текот на 2007 и 2008 години со дисциплински постапки се избркани од фирмата над 100 вработени. Самоволно си отишле 230, а како технолошки вишок се прогласени повеќе од 210 вработени. Со фирмата раководи менаџерски тим, кој пак си исплаќа плата и по 3000 евра, а е поставен од Никола Груески и Зоран Ставрески, потенцираат од СДСМ.

Охридските социјал демократи ги повикаа граѓаните дека е време да им кажат на Никола Груески и ДПМНЕ дека се видени лагите во 100 чекори и дека стопанството го губи здивот, а како резултат на преродбата се создаваат нови невработени лица.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top