Атанаско Михаилов, Претседателот на О.К. на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека веќе се во тек подготовките за претстојните избори бидејќи, од оваа партија мислат дека на Охрид конечно мора да му се случи политичка промена на локално ниво. Без неа, на Охрид ќе продолжи да му се случува она што му се случува ова лето, а тоа со еден збор кажано е катастрофа, додава Михаилов. Урбаниот хаос, сообраќајниот хаос и хаосот во стариот град се она на кое граѓаните на Охрид најмногу се жалат. Локалната самоуправа и Градоначалникот, ниту можат, ниту умеат, а сега сум сигурен дека ниту сакаат тоа да го направат, потенцира тој.
„Локалната самоуправа нема стратегија за развој на Охрид. Буквално нема стратегија. Освен урбанизацијата, се останато се личните интереси. Затоа сега ние ќе започнеме со сериозни подготовки и со програма за тоа како треба Охрид да изгледа во нарединиот период. Охрид конечно да стане град во кој ќе биде милина да се живее и големо задоволство да се дојде.“
Не може Охрид како туристичка дестинација да се потпира само на централната власт, или она што централната власт ќе го донесе како туристи од Холандија, Шведска,Данска, Израел и од другите земји од ЕУ, вели Михаилов. Исто така, многу мал број на манифестации, културни, спортски, беа организирани од страна на Локалната.
Што се однесува за тоа дали ќе дојде до промени во редовите на нивната партија на локално ниво, тоа е логична работа, и онаму каде што има потреба промени да се случат, тие и ќе се случат. Сепак за големите промени како поставувањето на функционерите на високите ешалони си е работа на претседателот односно на Премиерот. Дали и што ќе се случува во Охрид сепак е прашање кое ќе се решава на централно ниво, дециден е Михаилов.
„На локално ниво е секогаш добро да има освежување и треба да има освежување на функционерите поставени од новата власт, треба да има нови луѓе, зошто после определен период треба да има нови луѓе.“
Но од ОК се свесни дека ги очекува тешка борба. Претседателот Михаилов е свесен дека потребно е многу работа за да се победи на претстојните локални избори. Тоа што од граѓаните ја добивме довербата на централно ниво од нас бара сериозни подготовки, ние во Охрид сме опозиција. Мораме добро да се подготовиме за овие избори бидејќи на градот му се случуваат лоши работи. Ќе ги извадиме сите теми кои ги засегаат градот и Охриѓани, почнувајќи од неостварените ветувања на локалната, вели Михаилов. Тој додава дека имаат добро поставена структура, општински комитет кој одлично функционира и месни комитети кои од скоро се во функција, па така, оваа екипа може да одработи добри локални избори, додава Михаилов.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град