Наградени, со нов Управен одбор, нова техничка опрема, ново товарно возило, и веќе во подготовки за јубилејното 50 годишно издание на фестивалот.
Емоции и квалитет, карактеристики за претстојната 50 годишнина на Охридско лето. Активностите на овој фестивал не престануваат со неговото завршување на 20 август. Во просториите на фестивалот напорно се работи на подготовките за јубилејното 50 то. Во тек е изработката на монографијата, за што веќе се создава тимот кој ќе ја работи вели првиот човек на фестивалот Тони Симоноски. Тој, се пофали со наградата на министерството за економија.
Симоновски најави дека до година ќе функционира комплетно опремен медиски центар. Докомплетирана е и техничката опреме додава тој. Набавени се нови инструменти, а подарок од царина е товарното возило кое веќе се употребува. Симоновски сериозно размислува за проект со кој би се затвориле сцените во услови на дожд.
Новина за до година е и конкретниот проект на Симоноски за сцената на Сараиште
Денеска се конституира и новиот управен одбор на Охридско лето. Претседател е Зоран Џорлев, еминентен уметник, но пред се се работи за човек кој има голема решителност фестивалот да се движи во модерните текови вели Симоновски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град