Македонската национална кујна прогласена за најдобра на Балкаските натпревери по гастрономија, кој годинава се одржаа во Бургас – Бугарија. На натпреверите на кои учествуваа учесници од повеќе балкански земји, Македонската екипа составена од сениорите од Хотелот Молика од Битола и Јуниорите од ДТУ Ванчо Потошески од Охрид, освоија повеќе златни и сребрени медали, но и Гран При.
„ Освоивме 5 златни медаљи во неколку дисциплини, 3 сребрени. ние сме презадоволни. Тоа е потик да истраеме и да продожиме по патот на Успехот“, истакана (Секула Баткоски – директор на ДТУ Ванчо Питошески.
Учениците од Ванчо Питошески презадоволни од постигнатите резултати и повеќе од сигурни дека ја одбрале и ја изучуваат вистинската професија. Ангелина Симоносвка го освоила жирито со подгототовка на пита со јаболка.
Посебна чест и задоволство е што ја претставувавме Македонија на ова натпреварување. Достоинствено ја претставивме и се вративм со освоени повеќе медали и Гран При, вели Кире Крстевски, генарален менаџер на хотел Молика.
„ Настапивме со едно национално мени. на тој начин ги прествавивме сите продукти со кои привлекуваме гости“, истакна Кире Крстевски, генерален менаџер на хотел Молика.
И главниот готвач на хотелот Молика, Драган Буквиќ, презадоволен од постигнатото. Тој вели: „јадењата што ги подготвивме таму беа презентација на целокупната Македонска кујна“.
Претставивме модерно национално мени со кое одлично се вклопува во балканската кујна. Ова во денешно време, за модерниоте туристи е повеќе од потребно, вели Никола Каровски, менаџер на хотел Молика.
Балканските натпревари по гастрономија се одржаа во Бургас Бугарија. Нашата екипа во Бугарија замина со подршка на агенцијата за промоција и подршка на туризмот. Инаку Ова не е прво натпреварување за учениците од Државното Туристичко угостителско училиште, Ванчо Питошески. Учениците во октомври имаат уште еден предизвик а тоа е европскиот натпревар на асоцијацијата на угостителските училишта.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град