31виот по ред регионален натпревар покажа колку охриѓани ја сакаат математиката.
Виктор Блажески е само еден од многуте мали охриѓанчиња-љубители на математиката, а тоа одлично го докажа минатава сабота.
На регионалниот натпревар по математика, во својата категорија, односно 6то одделение, тој се пласираше на првото место, а ја освои втората награда со најмногу бодови кај шестоодделенците. Тој вели дека задачите биле тешки, но дека е навистина задоволен од постигнатиот успех.
„Во другите школи најчесто ги избираат со училишен натпревар, а кај нас наставниците ги избираат посебно тие ученици што имаат секако петки и што се најуспешни. Убаво поминав, повеќето задачи ги решив. За сите задачи имавме време за работа од 120 минути или два часа. Секоја задача се вреднуваше со 20 поени и се разбира задачите беа тешки, логички. Повеќето задачи се со еден принцип на решавање, така да ако го знаеш принципот на една задача, ќе ја решиш и другата.“-рече Виктор Блажески од ОУ „Свети Климент Охридски“, кој го освои првото место и втората награда
Овој натпревар навистина импонира со бројот на учесници. Вкупно 114 деца од сите основни училишта од Охрид ги демонстрираа своите знаења од оваа природна наука. Ги имаше од 4то, 5то, 6то, 7мо-деветтолетка, 7мо-осмолетка и 8мо одделение.
Претседателот на Здружението на математичари, професор Борис Лушески, вели дека поради огромниот интерес за овој натпревар, веќе три години го одржуваат во некој од факултетите во градов.
„Секоја година, па и оваа година, околу првата недела од Април или последната од Март, се одржува регионален натпревар кој всушност е еден вид квалификации за републички натпревар. Првите од секоја категорија сигурно учествуваат. Првопласираниот, независно дали е прва награда, втора награда, трета награда, додека за оние што се поназад рангирани, може да се случи да има прва награда, но прва награда со 86 поени, а може и со 90 поени. За останатите се прави ранг листа на ниво на република, па во зависност од резултатите по региони може да се случи да има повеќе учесници.“-вели претседателот на Здружението на математичари од Охрид, професор Борис Лушески.
Сите учесници можат да се пофалат со одлични резултати, а меѓу нив има некои позабележителни. Од четврто одделение Петреска Јана од ОУ „Григор Прличев“-втора награда, Костоски Даниел од ОУ „Свети Наум Охридски“-Пештани-трета награда и Петар Мишев од ОУ „Григор Прличев“-трета награда.
Кај петтооделенците Јован Лазарески од ОУ „Христо Узунов“ освои неверојатни 100 бода со сите решени задачи, а Ана Димоска од ОУ „Григор Прличев“ ја освои првата награда. Од шесто одделение покрај Виктор Блажески од ОУ „Св.Климент Охридски“, втора награда освои и Харитина Сакова од ОУ „Братство Единство“ и Рената Павлеска исто така втора награда. Во категоријата 7мо-деветтолетка, Виктор Чачор и Аритон Цветаноски од ОУ„Григор Прличев“-прва награда, Сара Сталеска, ОУ „Христо Узунов“-втора награда. Од седмо одделение-осмолетка пофалница добија Мартин Таламаноски и Мартин Костојчиноски.
Кај осмооделенците прва награда доби Петар Пипоски од ОУ „Христо Узунов“, втора, Љубица Илиќ од ОУ „Кочо Рацин“ и трета награда Ѓорѓи Ристески исто така од ОУ „Христо Узунов“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град