На охридскиот пазар секој понеделник може да се купи сирење, изварок и млеко помеѓу тезгите со зеленчук и овошје.
На охридскиот пазар секој понеделник може да се купи сирење, изварок и млеко помеѓу тезгите со зеленчук и овошје.
Хасап стандардите не важат за малите млекопроизводители од околните села кои на овој начин ги изложуваат и продаваат своите производи. Раководителот на РЕ Пазар, Ацо Чингоски потенцира тоа им е голем проблем и дека таквиот начин на продажба се должи на менталитетот на луѓето. Не можеме физички да постигнеме да исконтролираме што продаваат закупците на над 300 тезги додава тој. Иако не ретко имаме ситуации каде што ги отстрануваме од тезгите по што доаѓа до расправии за потоа истите да продаваат и надвор од рамките на пазарот објаснува Чингоски. „Проблем е што тие сакаат покрај млечните производи да продаваат и други производи кои ги имаат дома и се повикуваат на економската ситуација“. Од Пазар се обиделе да го решат проблемот и пред 6 месеци направиле анкета со сите закупци на тезги. Сакале да го испитаат пулсот на заинтересираните за продажба на млечни производи во посебна просторија, опремена по ХАСАП стандарди. Но, од над 300 анкетирани само еден закупец покажал интерес да склучи договор. Чингоски појаснува доколку ние и обезбедиме просторија, а нема заинтерсирани закупците со докуметација по Хасап системот не сме го решиле проблемот“.
Засега од ЈП Комуналец немаат решение како да се справат со овој проблем. Спасот го гледаат како што велат само во изградба на современ зелен пазар. Во него ќе има посебна просторија за продажба на млечни производи. Според најавите пазарот треба да отпочне да се гради од идната година.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град