Ракот на дебело црево се почесто ги напаѓа младите лица. Статистичките показатели во општина Охрид покажуваат дека помладите лица во 2009 година биле на удар од ова заболување. Д-р Слободнака Коцевска, специјалист по социјална медицина укажува дека има поместување на возрасната граница со споредените податоци од 2005 и 2009 година.
Пред 4 години од ова заболување на удар биле жените над 65 години, а лани има загрижувачко поместување на старосната граница. 17,1 посто од канцерогените заболувања отпаѓаат на колоректален карцином кај лицата на возрат од 35 до 44 години укажува д- р Коцевска.
Генетските предизпозиции, но и се поголемиот внес на црвено месо, животински масти, пушењето, алкохолот, опстипацијата, малиот внес на растителни влакна се најчести причини за појава на ракот на дебелото црево нагласува д-р Ацо Размоски, специјалист интернист. Оваа асимптоматска болест успешно се лекува при рано откривање. Светската здрвствена организација во таа конотација препорачува правење Скрининг на колоректален карцином. Оваа програма е многу добра затоа што се откриваат асимптоматските болести на карциномот или се откриваат адоментозните полипи на дебелото црево, па со раното откривање и лекувањето е полесно и поцелесно, потенцира д-р Размоски.
Од идниот месец се очекува и во нашата земја да стартува оваа програма. Министерството за здравство во соработка со Центрите за јавно здравство ќе ја спроведуваат скрининг програмата за колоректален карцином најавува М-р на науки д-р Јованка Стурлакова Коровешоска. Здравствените работници од Центрите за јавно здравство ќе одржуваат едукативни предавања во соработка со матичните лекари, а ќе бидат дистрибуирани постери и брошури за начинот на користење за тестовите за спроведување на колоректалниот скрининг.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град