Младинскиот камп ги обедини децата од сите националности и вери

Преку спортот и екологијата ќе учат за одржливиот развој, но најмногу за меѓусебната толеранција и разбирање.

 |  Мишел Наумоски  | 
leten kamp deca
летен камп деца

Вчера официјално започна младинскиот спортски камп под името „Младите преку спортот и екологија до меѓуетничко разбирање и одржлив развој.“ Насловот е долг, но ги опфаќа веројатно најпозитивните насоки кои треба да им се дадат на најмладите со цел да се развиваат во вистински правец. А нема подобар пример за тоа како влијае овој камп врз развојот на младите од средношколката Тања Јованова. Таа е тим-лидер на групата од Велес, и вели иако е тешко да се работи со деца, сепак научиле да се снаоѓаат во секакви ситуации. Своите способности ги развивала на мартовскиот камп Трејнинг трејнерс.

Goce GARD„Таму имавме обука на тренерите, а бевме 18 лица од цела Македонија. Имаше повеќе тим-лидери меѓу кои јас бев најмлада, потоа требаше секој лидер во својот град да направи еден настан. Значи јас го направив настанот на многу високо ниво, и беше успешно и потоа добив можност да доведам група тука.“-рече тим лидерот од Велес, Тања Јованова.

За разлика од Јованова, Марија Бразда нема претходно искуство на овој камп. Таа за прв пат учествува на младинскиот спортски камп, но е воодушевена од добиената можност.

„Задоволство ми е да учествувам на овој проект. Јас сум претставник на мојот роден град Крушево. Тука ги претставувам власите. За прв пат на овој камп учествуваат власи по националност и многу е убаво да се учествува на ваков камп затоа што има деца од цела Македонија од различни националности и преку игра и спорт сите повеќе да се здружат.“-вели лидерката на тимот од Крушево, Марија Бразда.

kamperi Овој проект е финансиран од страна на словенската амбасада во Република Македонија. Првиот камп бил организиран минатата година, а до завршувањето на проектот ќе има уште еден ваков камп. На отворањето, свое обраќање имаше и  министерот-советник од Амбасадата на Република Словенија, Алеша Совинц.

„Навистина Словенија и Македонија имаат одлични односи на сите полиња и на сите нивоа на соработка, а овој проект конкретно е дел од Меѓународната развојна помош од Словенија за Македонија. Проектот беше претставен преку ГАРД и Спортската унија на Словенија, кои се занимаваат со повеќе етнички заедници, со млади, со екологија, спорт и сето тоа заедно со дружење и забава да го остварат летниот камп.“-изјави министерот-советник на Република Словенија во Македонија, Алеша Совинц.

ucesnici sportski kampОрганизатори на овој летен младински камп, а воедно и негови иницијатори се луѓето од Граѓанската асоцијација за рекреација и движење.

„Тимот кој го операционализираше кампот во х.Далјан, е навистина компетентен, составен од универзитетски професори, професори по физичко и здравствено образование, професори од други професии. Така да компетентноста на тимот, искуствата како и младите лидери и сето тоа сплотено гарантира една вистинска позитивна насока дека поставените цели во рамките на проектот и во рамките на кампот ќе бидат остварени.“-рече претседателот на ГАРД, Гоце Илиевски.

Инаку на кампот учествуваат околу 120 лица, воглавно деца од основно и средно образовани од повеќе места. За прв пат оваа година дел од кампот се и деца со посебни потреби од Охрид. Младинскиот камп ќе трае до 17ти овој месец.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top