Младински искуства за безбеден сообраќај

Во Естонија се вози на мраз во текот на зимскиот период, додека пак во едно Романско село кое е долго 2 км имало 200 сообраќајни знаци. Ова се примери за искуства кои ги споделија младите луѓе од Естонија, Словачка, Романија и Полска на работилницата на младинска размерна „Безбедно возење спасува живот “ која деновиве се одржува во охридскиот регион.

 |  Николоска Биљана  | 

 

40 млади луѓе од 5 различни земји Македонија, Естонија, Словачка, Романија и Полска учат и разменуваат искуства за безбедносните аспекти на возењето. Исто така тие креираат материјали за информирање на младите луѓе во Европа и дебатираат на теми поврзани со сообраќајот. Претседателот на невладината организација ГЕТ ИНОВАЦИЈА од Битола, Ана Дајовска вели дека работат во групи на различни активности. Додава дека ќе се запознаат со процесот на учење, тимската работа, интеркултурното искуство кое што го имаат во Македонија но и да ја запознаат и нашата култура подобро и да бидат вклучени во активности кои ќе им бидат искуство за понатаму.

„Проектот се одвива во село Раджда, Струга каде што младите луѓе во текот на 8 дена имаат можност да следат различни работилници, вклучувајќи средби со инструктори за возење, прва помош, симулации за возење, тие споделуваат искуства од нивните земји“- истакна Дајовска.

Што се однесува на сообраќајната култура во Македонија во споредба со Словачка, во вашата земја се вози многу побрзо и се влегува во покомплицирани ситуации кога се вози, истакна Кристина Кубишова од Словачка кој учествува на работилницата „Безбедно возење спасува живот“.

„Во Словачка имаме многу часови за безбедно возење поврзани со сообраќајот кои се организираат во основните училишта, има многу едукации за пешаците, велосипедистите за да се подобри нивната култура во сообраќајот и исто кај нас застапени се казните за прекршување на правилата кои се високи, повисоки од оние во Македонија и луѓето во Словачка се против високите казни но тоа е…“ – истакна Кубишова.

На крај од работилницата ќе бидат изработени видео на 5 различни јазици и водич за безбедно возење во кој ќе бидат вклучени истражувањата на младите луѓе кои учестувуаат во младинската размената од проектот „Безбедно возење спасува живот“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top