Дебелината, неправилната исхрана, пушењето и физичката неактивност се водечки причини за болестите на срцето и мозочните удари кои можат да се забележат во се помлада возраст.
Дебелината, неправилната исхрана, пушењето и физичката неактивност се водечки причини за болестите на срцето и мозочните удари кои можат да се забележат во се помлада возраст.
Општинскиот црвен крст се вклучува со низа активности за едукација на млaдите како да го зачуваат здравјето од овие заболувања. Посебен акцент во активностите на Црвениот крст ќе биде ставен на вештината на укажување прва помош како безбедносна мерка при срцев напад и мозочен удар.
Во соработка на општинскиот Црвен крст и Центарот за јавно здравје од Охрид, во текот на утрешниот ден на градскиот плоштад „Чинар“ со почеток од 10 часот, ќе бидат вршени бесплатни прегледи на мерење на крвен притисок, холестерол и шеќер во крвта .
Срцево-садовите заболувања се водечка причина за смртност во светот. Според податоците на Светстката здравствена организација, секоја година од болести на циркулаторниот систем умира околу 17 % од светското население. И статистичките податоци за Македонија говорат дека срцево-садовите заболувања се водечка причина за смртност и кај нас.
Во текот на „Неделата на срцево-садови“ ќе бидат реализирани типизирани, едукативни предавања во основните и средните училишта. Општинскиот Црвен крст под мотото „Сочувајте го здраво вашето срце и крвните садови“ , ја одбележува „Неделата на срцево-садови заболувања” која започна од 21 овој месец, а ќе трае до 28 февруари.
{loadposition content}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град