Во Охрид се регистрирани 342 нарко зависници, а во Струга 125.
Во Охрид се регистрирани 342 нарко зависници, а во Струга 125.
Со оглед на тоа дека старосната граница се повеќе се намалува, се наметнува потребата од започнување со едукација за штетните влијанија на наркотичните средства.
Од СВР Охрид истакнуваат дека имаат комплетна евиденција на жариштата во градот, а нивниот тим секојдневно ја следи ситуацијата на теренот. Со оглед на тоа дека старосната граница се повеќе се намалува, се наметнува потребата од започнување со едукација за штетните влијанија на наркотичните средства од најмала возраст.
Дел од годишниот проект на младинскиот совет од Охрид е организирањето на денешниот камп, во кој се едуцираат дваесет членови на младински совети од Охрид, Струга и Ресен.Темите на форумот се проблемите поврзани со алкохолизмот, никотинизмот, наркоманијат и сексуално преносливите болести. Едукацијата ќе ја спроведуваат претставници од невладината организација „Опција“, дневниот центар за работа со корисници на дрога од Охрид, тим од младинскиот совет Охрид како претставници од црвениот крст и претставници од СВР Охрид.
Ова е само еден сегмент на акцијата, во иднина ќе се спроведуваат акции и во средните училишта, каде учениците и родителите ќе се запознаваат со причините за појавата на ваквите девијантни однесувања. Главнато мото на овие акции е да се посочат вистините а да се отстранат заблудите за зависностите и сексуално преносливите болести.
Со оглед на интересот, предвидено е со семинарите да бидат опфатени близу 30.000 лица.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град