Младите охриѓани се запознаваа со можностите за отворање на сопствен бизнис

Секторот за туризам и локален економски развој заедно со Фондацијата „Бизнис Старт Ап Центар“ од Битола и Агенцијата за вработување денес разговараа за претприемништвото како фактор за локален економски развој.

 |  Мишел Наумоски  | 
pretpriemaci
претприемачи

Младите охриѓани се запознаваа со можностите и поволностите за започнување на сопствен бизнис. Денешната обука која ја спроведуваше фондацијата „Бизнис Старт Ап Центар“ од Битола, заедно со Секторот за туризам и локален економски развој од Охрид и Агенцијата за вработување произлегла како резултат на реалните потреби на младите од Охрид за нивно самовработување и отпочнување на некој бизнис.

pretpriemaci„Бизнис Старт Ап Центарот“ од Битола е фондацијата која во рамките на оваа обука им нуди реална поддршка на микро и малите претпријатија. Од битолската фондација велат дека најнапред нудат кадровска поддршка, но исто и материјална поддршка која при започнувањето на некој бизнис е една од најзначајните.

„Другиот тип на поддршка е материјална поддршка, со тоа што таа содржи три компоненти, едната е микрокредитирање, втората е материјална поддршка во областа на маркетингот, дали е тоа веб страна, флаери, во зависност од барањата на корисниците на таа поддршка и рефундирање на средства за новоотворена фирма.“-вели Анета Наумовска од „Бизнис Старт Ап Центар“ од Битола.

Улогата пак на Агенцијата за вработување е преку една од своите активни мерки за самовработување да им овозможи на младите невработени лица од општинава да добијат предзнаење и можеби и идеја за стартување на сопствен бизнис. Инаку оваа обука е воедно и дел од проектот „Бизнис без граници“ финансиран од УСАИД.

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top