Младитие го подигнаа гласот за охридското здравство

Нова невладина организација во Охрид, ќе се грижи за подобрување на квалитетот на животот во градот, со посебен акцент на младите. Денес тие пред Оштата болница во Охрид, го искажаа својот револт за состојбите во охридското задрвство и ги повикаа граѓаните на општината на мирен протест.

 |  Билјана Николоска  | 
MCO
„Младински центар Охрид“

Прво па машко. Во Охрид никна нова невладина организација, „Младински центар Охрид“. Тие го кренаа гласот против сите оние фактори, кои според нив, допринесоа за да се уништи охридското здравство. Членовите на Младински центар Охрид, поради нивната загриженост за состојбите во здравството најавија мирен граѓански протест пред Општа болница во Охрид, утре во 5 минути до 12 часот.
„Поради нечија негрижа, неразумност и неодговорност, Охрид повеќе од 15 месеци е оставен без елементарна здравствена заштита. Во септември 2010 година се сруши највителниот дел на Општата болница, со што околу 60 илјади граѓани останаа без гинекологија, хирургија, анестезиологија, урологија и Одделение за уво, нос и грло“.
„Младински центар Охрид“Иако станува забор за релативно новоформирано граѓанско здружение, тие упатија низа критики кон централната власт и сметаат оти Владата има игнорантски однос кон Охрид. Маре Ристеска член на оваа Невладина организација потенцира дека сите ветени рокови за реконструкција на болницата се надминати, а граѓаните сеуште немаат соодветна здравствена заштита.
Весна Цветкоска исто така член на граѓанското здружение „Младински центар Охрид“, ги повика сите кои имаат забелешки кон моменталната состојба со охридскот здравство да им се приклучат кон протестот кој го организираат тие и за кој протест тврдат дека нема политичка позадина.
Младите членови на новото здружение, се фатија за мошне сериозен проблем како нивен прв проект. Останува да видиме кој утре ќе ги подржи во нивната цел на протестот, укажување на револт против уништувањето на охридското здравство и игнорантскиот однос на централната власт кон градот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top