МЈП „Проаква“, тоне

За ваквата состојба свесни се и двајцата градоначалници на Охрид и Струга, кои ги спојува ова претпријатие. Решението лежи во средба со државни претставница смета Дејан Паноски, советникот на ВМРО – ДПМНЕ, од Охрид.

 |  Билјана Николоска  | 
proakva
proakva

proakvaДали МЈП „Проаква“, ќе крене глава од бројните проблеми кои години наназад се таложат, а никако да се надминат. Градоначалниците на Охрид и Струга по се изгледа немоќни да се справат со проблемите си ја префрлаат топката еден на друг, но ја посочуваат и државата како главен виновник за незавидната состојба во претпријатието. Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, рече дека мора што побрзо да се преземат соодветни мерки, за да се спаси претпријатието кое не оди во позитивна насока.

Петрески и овој пат не испушти да потенцира дека штетата од проблемите на МЈП „Проаква“, дирекно ги чувствуваат на свој грб граѓаните на Охрид. Наспроти него, градоначалникот на Струга Рамиз Мерко во неодамнешната изјава за ТВМ, рече дека е обратно, поточно дека стружани трпат поради проблемите на меѓуопштинското претпријатие. Петрески на ова со свој став, дека ако Струга не сака да трпи штета многу лесно може да го реши тоа.

Dejan PanoskiСоветникот на ВМРО – ДПМНЕ, Дејан Паноски, вели дека проблемот со МЈП „Проаква“, години наназад се провлекува и предизвикува тонење на фирмата, а со самото тоа и вработените ги носи во критична состојба. Паноски категоричен дека очигледно двете општини немаат идеја како да го надминат проблемот и без да седнат на една маса со претставници на Владата, тешко дека ќе се спаси претпријатието.

„Во најголем дел бараме решение да се седне со претставниците на владата и со претставниците на двете општини она што го бараме и конечно да се стави се на една маса да се види колкави се долговите на претпријатието дали се тие само кон ЕВН и дали се предизвикани од нешто друго и да се направи еден пресек и да се најде најдоброто решение. Дали тоа ќе биде спогодбено формирање на претпријатие не по сопствена желба туку спогодбено со државата или тоа ќе биде некој нов модул во кој што можеби ќе може да помогнат директно инвеститорите од странство тоа е прашање на резултатите на една конкретна средба која месеци наназад ја бараме а не е случена“, рече Паноски.

Останува да видиме дали градоначалникот Петрески, ќе го прифати предлогот на Паноски, да седнат на иста маса сите релевантни фактори во врска надминување на веќе 5 годишниот проблем со меѓуопштинското претпријатие. Секако тоа би било во интерес на граѓаните, што во најмала рака како градоначалник му е една од основните должности.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top