МЈП Проаква се издава под концесија

Комисијата за спроведување на постапка за концесија по овластување на градоначалниците на Охрид и Струга денеска го објави меѓународен повик во дневниот печат. овој повик се куваше скоро една година, откако Советите на општина Охрид и Струга донесоа одлука за отпочнување на постапка за издавање на МЈП Проаква под концесија, поточно на дејноста на ова МЈП под концесија или јавно приватно партнерство.

 |  Татјана Маленкова  | 
proakva
Proakva

Vlado CingoskiКомисијата за спроведување на постапка за концесија по овластување на градоначалниците на Охрид и Струга денеска го објави меѓународен повик во дневниот печат. овој повик се куваше скоро една година, откако Советите на општина Охрид и Струга донесоа одлука за отпочнување на постапка за издавање на МЈП Проаква под концесија, поточно на дејноста на ова МЈП под концесија или јавно приватно партнерство.  Врз основа на одлуките кои ги донесоа двата совети управниот одбор на МЈП одлучи да ја започне постапката, а градоначалниците донесоа решение со кое беше формирана комисија за спроведување на истата постапката за јавно приватно партнерство или концесија. Претседател на комисијата е Владо Чингоски а покрај него има уште 9 членови меѓу кои и еминентни професори.

„Дилемета беше дали ќе се дава под концесија или јавно приватно партнерство. Јавното приватно партнество врз основа на законот има два облика и тоа институционално и договорно. Инситуционално значи дека треба да се формира заедничка фирма помеѓу оснивачот – двете општини и приватниот партнер и договорно да не се оснива заедничка фирма со што би му се пренела сета дејност на приватниот партнер кој би финансирал. Најсоодветно беше да се даде под концесија и да се објави меѓународен повик“ , вели претседател на  комисијата за спроведување на концесионата постапка, Владо Чингоски.

Чингоски појаснува дека предмет на концесијата е водоводниот и канализациониот систем, нивното одржување, како и дистрибуцијата на вода.

Во условите наведени во јавниот повик уште стои дека изниот закупец ќе стопанисува со водоводно канализациониот систем и дистрибуцијата со вода мксимум 35 год.

ProakvaОпштините Охрид и Струга пак од идниот концесионер бараат задолжителни инвестиции околу 20 милиони евра, целосно осовременување на водоводниот систем вклучувајќи го и колекторскиот и превземање на 400 вработени од 510 те и целосна компјутеризација кои одамна се применува во европските метрополи за детектирање на губитоци за вода. „110 вработени кои нема да ги превземе идниот концесионер остануваат во МЈП Проаква“, вели Чингоски.

„Граѓаните ништо не би изгубиле, а би добиле многу. Поквалитетна вода, подобро снабдување со вода подобро решавање на дефектите и водовод по европски стандарди. Прашање е цената на водата. Ние не можеме да зборуваме за цената затоа што цената ја формираат советите од Охрид и Струга. цената ја предлага ЈП, а согласност за висината на цената по кубик ја даваат советите на двата града. Цената на водата неможе да се промени со давање под концесија туку концесионерот кој ќе конкурира на овој оглас треба во пресметките да смета дека цената на водата ја формираат општините“, додава Чингоски.

Чингоски додава дека премногу е рано да се предвидува дали и колку закупецот би ја зголемил цаната на водата. Тој појаснува дека цената на водата може да ја зголемат советите на општините Охрид и Струга и дека и понатака само тие ќе одлучуваат колкава ќе биде истата. „Но во секој случај цената на водата мора да расте, ако расте нафтата и сите енергенси други, неможе цената на водата да остане иста 5, 6 или 10 години.Се надевам дека тендерот ќе успее за доброто и на претспијатието и вработените но и граѓаните“, додава – претседателот на  комисијата за спроведување на концесионата постапка.

Меѓународниот повик за концесија на МЈП Проаква беше објавен денеска во Македонија на македонски и англиски јазик,  а деновиве истиот треба да биде објавен и во странските медиуми.Рокот  за пријавување на заинтересираните е 52 дена од објавување на огласот. „Ние сме први можеби и на балканот во овој дел на концисија. Се надевем дека повикот ќе успее и дека поука од нас ќе превземат и другите општини“, вели претседател на  комисијата за спроведување на концесионата постапка, Владо Чингоски.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top