Митровски: Секој алпинист го живее својот сон

Ако сакаш да видиш подалеку искачи се повисоко, вели младиот планинар Ивица Митровски, кој е голем вљубеник во овој спорт. Најчесто почетоците се од помодарство, но потоа тоа прераснува во љубов кон природата, вели Митровски.

 |  Николоска Биљана  | 

Од помодарство до пасионирани вљубеници во природата. Најчесто така се раѓа љубовта кај секој планинар кон освојување на високите врвови и љубовта кон самиот спорт, раскажува Ивица Митровски. Природата на секој му дава знаење и почит, само тоа треба да биде взаемно, додава Митровски. Алпинизот и планинарењето како спорт и како рекреација значат многу напор, вложување, енергија. За многумина искачувањето на највисоките планински врвови е доживување од авантуристичките филмови, но за оние кои сериозно и активно се занимаваат со овој спорт, значат живот, ентузијазам и мотив повеќе да се освои она за што само може да мечтаат најголемите авантуристи.

„Ова што сега го спомнавме како наплив на помодарство, во буквална смисла нанзад се случува потценување на планината и со мој збор на природата. Толку е моќна во секој момент да не збрише и човек ќе стане свесен и кога ќе тргне од помодарски причини колку е минорен. Една точка која што нема шанси да се освои ако временските услови се лоши, дури и Галичица и Јабланица кога се временските услови лоши тоа е невозможна мисија. Значи почит не до крај но тоа си доаѓа со самот искуство кај секој палнинар

Митровски забележува дека нашата земја сеуште во алпинизмот како спорт вложува многу малку. За професионално градење на кариерата вели потребни се многу средства, физички напор, скапа исхрана, а засега се тоа останува само на волјата и џебот на поединецот.

„Ние и во тие жалосни услови на тоа поле на материјалниот дел ние имаме величини светска елита во права смисла на зборот. Мене ми е чест што го познавам Здравко Дејановиќ и еден друг круг на планинари кои што се величини, но навистина се светска елита. И сега кај нас сеуште на тоа ниво од свест на кое што сме општествот е запознато толку колку што треба но со тек на време мислам дека ќе доаѓаме до знаење да ги цениме повистинските работи, ќе се зголемува најверојатно и тој материјален дел на секое поле без кој што нема начин да се направи ништо ниту една добра передизвикувачка тура“

Покрај материјалниот аспект за развој на планинарењето во нашата земја ние не можеме да се пофалиме дека имаме и планинарски домови. Пример можеме да земеме од земјите од соседството, Србија, Бугарија, Грција кои можат да се пофалат со прекрасни домови, забележува Митровски. Но, сепак, кај него желбата за планинарењето е појака од се, а негов предизвик е Алпскиот врв Матерхор. Верува дека спортот на планина кадешто чистата и недопрена природа го запира здивот, ќе им овозможи на младите и надежни професионални алпинисти да го живеат својот сон, а очекува надлежните да најдат начин да го промовираат и разберат како сериозна дејност која ќе ја стави земјава на мапата на успешните алпинисти, рамо до рамо со оние кои ја имаат државната помош за промоција на алпинизмот, но и на својата земја.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top