Митровиќ: Господo од СДСМ, критиките свртете ги кон вас

Не држат критиките на охридските социјалдемократи ниту нивните идеи за надминување на проблемите со кои се соочува Охрид, реагираат од ОК на ВМРО – ДПМНЕ.  На денешната прес конференција од ДПМНЕ им порача на охридските социјалдемократи, ако се зрела политичка партија, да зборуваат со факти а не да критикуваат колку само да се критикува.

 |  Николоска Биљана  | 
vmro - dpmne
вмро-дпмне

mitrovicНа денешната прес конференција на ОК на ВМРО – ДПМНЕ портпаролот Никола Митровиќ кажа дека сака да ги потсети, како што рече, новите гласноговорници на СДСМ на осум годишната голгота на градот. Митровиќ рече дека СДСМ го остави Охрид  во 33 милионски долг, кој ДПМНЕ се обидува да го анулира. Исто така посочи дека  ВМРО ДПМНЕ се обидува да го реши урбаниот хаос и пренатрупаната и неефикасна администрација која ја наследиле од СДСМ.

„Затоа, ВМРО ДПМНЕ ја разбира вашата потреба од медиумски простор, ја разбира Вашата потреба особено на оваа помлада генерација на СДСМ да се биде на челни места  како  нивните претходници кои го уништија градот. Тоа ВМРО ДПМНЕ уште еднаш нема да го дозволи, бидејќи граѓаните добро знаат што се не се направи во изминативе години, а што се направи за нецела година од страна на ВМРО ДПМНЕ“– вели Митровиќ.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top