Македонското битисување и македонизмот презентирани не како историја на античките македонци, туку единствено како македонска историја без никакви додавки. „Антигона-Неготино“ на Ангелина Маркус и „Митологијата на Македонците“ на Ристо Попоски ни даваат еден поинаков увид врз сопствената историја.
Ангелина Маркус се јавува како рецензент на второто дело кое денес беше промовирано во Центарот за култура, „Митологијата на Македонците“ на Ристо Попоски. Во книгата се прикажува една поинаква слика за приказните од митологијата кои носат или римски или грчки имиња, но се несопирливо македонски, како што вели Маркус.
„Еве сега ја издадовме и Митологијата на Македонците. Имам тука и рецензија напиашана во која кажувам што е македонската митологија без обзир дали носи римски или грчки имиња. Тоа се се македонски, тоа се корените. Таа македонска митологија го покажува битот, начинот на постоење на делување на македонскиот народ, на македонските луѓе, на македонското верување, на македонската религија.“ вели Ангелина Маркус-рецензент на делото „Митологијата на Македонците“.
„Македонците се најстариот народ во денешна Европа. Погледнете во Библијата. Македонија е запишана 38 пати, додека сите други денешни држави ги нема, бидејќи се вештачки творби и политички опции на денешна Европа“, вели авторот Попоски во воведот на својата книга.
„Митологијата на Македонците“ претставува соочување со вистинското потекло на нештата и способноста на луѓето да ги прифатат такви какви што се. Содржината која ја нуди оваа книга некои ќе ја сметаат за вистинита, некои за контроверзна, а некои за лага. Сеедно во која група спаѓате, ова со сигурност е дело кое вреди да се прочита.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град