Митаноски: Моќта на медиумот е голема, ако имаш што да кажеш, јасна мисла, концепт

Супер радио го прослави својот 25 роденден во друштво со своите вработени и соработници. Денес во нивното студио се евоцираа бројни спомени од почетокот на работењето на радиото во 1992 година па се до ден денес. Сопственикот Сашо Митаноски вели дека моќта на медиумот е голема, ако имаш што да кажеш, јасна мисла, концепт, бидејќи медиумот е тој што нуди можност одеднаш да се обратиш на 20, 30 000 и повеќе луѓе.

 |  Николоска Биљана  | 

Оваа година охридското Супер радио одбележува вреден јубилеј, четврт век од своето постоење. Менаџментот на ова радио вложи сериозен напор овој две и пол децениски период да се одржи, надгради, и во секое време да обезбеди навремена и точна информација, но и многу забава, култура и едукација. Сопственикот, Сашо Митаноски, се потсетува на почетоците во 1992 година, вели започнале скромно, но она што цело време се провлекувало низ овој 25 годишен период била иницијативата и ентузијазмот.

Се менуваа и екипите и поставите внатре но тој ентузијазам беше токму она што го задржа да биде во суштина Супер радио. Она што мене ме прави многу среќен е што имавме…со огромните падови што е и нормално во текот на работењето константно имавне некоја нагорна линија, некогаш поголема некогаш помала, но сепак тоа направи да стигнеме до ова каде што сме денес. Ако во 1992 година некако можевме да го видиме ова што го гледате, незнам дали и самите ќе си верувавме дека технологијата ќе стигне до тој стпен и дека кадарот ќе биде толку обучен и дека ќе можеме да ги правиме и тие некогаш и мини чуда кои што ги работиме сега.

Програмата на Супер радио ја креираат околу 20 луѓе, кои работат на тоа, да ја оправдаат довербата на слушателите вели Јане Стефанов, уредник на програмата.

Успешно ги надминавме оние детски болести кои што се јавуваат со почетоците на работењето за сега Супер радио да е еден респектабилен медиум кој што во последниве неколку години е најслушаната локална радио станица во Македонија според истражувањата на Агенцијата за аудио и визуелни медиумски услуги. Овој роденден го дочекавме со комплетно дигитално студио со многу новитети во програмата и многу проекти кои што се зад нас оваа година како талент шоуто Охрид Супер стар, досие Охрид, Охрид во 10 “

Од менаџментот на Супер радио велат дека ќе продолжат да го негуваат искрениот однос кон слушателите, клиентите и бизнис партнерите бидејќи само тоа ги држи на врвот, и допринесува радиото да ужива висок рејтинг.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top