Очите на Ташула секој ден биле свртени кон Имарет. Долго длабоко тагувала по своето чедо и тајните мајчински чувства останале длабоко во нејзината душа……
Османлиската империја кон крајот на 18 век ја зафаќа феудална анархија и започнува да слабее. Пашите и беговите во тоа време претпоставени на султанот изразуваат непослушност кон него и од собираниот данок не плаќале ништо. На почетокот биле помалку, но подоцна бројот на ваквите феудалци се зголемувал се повеќе и повеќе. Меѓусебно војувале за превласт на имотите. Ваквите феудалци главно ги имало по еден во секој град. Во Македонија најпознати биле Абдурахман-паша од Тетово, Исмаил-бег од Серес, Реџеп-паша од Скопје, Алија-бег од Струмица и најголемиот од нив Али-паша Јанински од Јанина. Охрид бил под непосредна управа на полунезависниот феудалец Џеладин-бег кој бил поддржан и од Мустафа паша Шкодранин.
Во 1822 година за време на Негушкото востание, Али- паша Јанински, го повикал охридскиот Џеладин –бег на помош за да го задуши востанието на неговиот феудален посед. По задушувањето на бунтот Џеладин бег од Негуш се враќа со четири робинки за да му слугуваат во Сарајот. Само на две од нив им се знае името. Едната била Султана се омажила со дозвола од бегот во едно охридско семејство, а другата Ташула станала втора жена на Џеладин бег.
Ташула била донесена во сарајот како дванесетгодишно девојче. Сабие анама, првата сопруга на Џеладин бег се грижела за девојчето. Како времето изминувало Ташула израснала во прекрасна девојка. Маѓепсан од нејзината убавина бегот ја присилил да му стане втора жена. Првата жена на Џеладин бег, Сабие анама била внука на Али паша Јанински и во бракот со неа немал деца. Богатиот бег копнеел по пород. Но, затоа пак убавата Ташула му родила дете. Тој располагал со трии Сараи, а во еден од Сараите и тоа на средниот живеелаа Ташула.
Над градот, во прекрасен дом живеела Ташула ама не била среќна. Џеладина бег бил толку вљубен во убавата христијанка што дозволил во сарјот да биде изградена и мала црквичка. Тука Ташула можела да ги обавува своите христијански ритуали за да не мора да оди во останатите цркви на молитва.
Убавата Ташула три години по раѓањето на ќерката ја задушува. На бегот му кажала дека девојчето умрело. Таа чедоморствотo го сторила затоа што не можела да се помири со фактот да остави пород од човек кој не е припадник на нејзината вера. Девојчето го погребале на Имарет, под крошните на коџиџикот. Гробот и денес е нем сведок на едно немирно време.
Очите на Ташула секој ден биле свртени кон Имарет. Долго, длабоко тагувала по своето чедо и тајните мајчински чувства останале длабоко во нејзината душа. Името на девојчето никогаш не се дознало.
По спроведувањето на енергичните реформи во Турската империја узурпаторот на власта Џеладин бег во 1830 година бил присилен да бега од Охрид.
За време на бегството на Џеладин бег, првата негова жена, Сабие анама не можела да ја смири омразата додека не и се одмаздила на Ташула. Наредила да се запали сарајот каде што живеела за таа да изгори заедно со него. Но, Ташула имала среќа и се спасила од огнената стихија. Останала да живее во Охрид, и доживела длабока старост со спомените на своето девојче. Живеела во Варош до крајот на 19 век.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град