Со овој потег се исполни желбата на нашиот сограѓанин достоинствено да ги претстави Охрид и Македонија. Таневски е дел од светската експедиција која на почетокот на октомври тргна во освојување на Хималаите.
Со овој потег се исполни желбата на нашиот сограѓанин достоинствено да ги претстави Охрид и Македонија. Таневски е дел од светската експедиција која на почетокот на октомври тргна во освојување на Хималаите.
Македонското знаме од денеска се вее на Хималаите. Нашиот сограѓанин Мишко Танески го исполна својот сон и се искачи на еден од врвовите на Хималаите ICELANDPEAK висок 6189 метри.
Заедно со уште тројца Македонци, Танески е дел од светската експедиција која во Освојување на Хималаите замина на 9 ти октомври
„Сонот на секој алпинист е да се искачи на врвот на светот, рече за ТВМ ,Танески ден пред да замине на ова патување.
За ова ова патување Танески се подготвуваше подолг период. Пред да се приклучи на светската експедиција, тој беше на крајни подготовки беше во Бугарија.
Инаку досега Мишко Танески се има искачено на врвот Гринтовац – Република Словенија , Брајтхон, Швајцарија, но и на Мон Блан и Килиманџаро. Танески вели дека неговата цел е освојување на седумте највисоки врва во светот.
Која ќе биде следна дестинација на нашиот сограѓанин, останува да видиме. Ни останува да му посакаме успешно слегување од врвот и добар пат до дома.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град