Мисија која му ја должиме на Охрид и регионот

Препораките на УНЕСКО,  да влезат во финална верзија на Менаџмент Планот за охридскиот регион.

 |  Николовска Биљана  | 
Zoran Pavlov
Зоран Павлов

Препораките на УНЕСКО,  да влезат во финална верзија на Менаџмент Планот за охридскиот регион.

Ова беше целта на тридневниот семинар што се одржа во нашиот град. Македонија овој план до УНЕСКО треба да го достави најдоцна до јануар идната година, по што за шест месеци, Комисијата за светско наследство треба да се произнесе по него.

работилницаВо организација на УНЕСКО, 20 претставници од министерства, локални самоуправи, институции го подржаа  Менаџмен планот за Светско наследство од охридскиот регион од културен и историски аспект со неговата природна животна средина. Се работи за акционен план, кој има за цел да се постават не само стратешките туку и визионерските цели и акции за заштита конзервација и одржливост на употреба на ова место. Филип Пипар од канцаларијата на УНЕСКО рече дека во 39 прашања согледани се повеќе проблеми од важни области, кои во наредниот период македонските институции треба да ги решат. Тој додаде дека и односот на државата кон заштитеното светско наследство во охридскиот регион ќе и ма влијание кон статусот во УНЕСКО.
Охридскиот регион 30 години е под заштита на УН ЕСКО. Досега за регионот имаме направено многу во соработка со сите релевантни фактори рече Антонио Балевски.
Како член на националната комисија на УНЕСКО Дејан Паноски рече дека акциониот план мора да има конкретна цел. Според него треба да се обележат линиите до каде може да се експериментира и игра со Охрид и Охридскиот регион. Само така може да се справиме со неговата заштита и управување. Паноски рече дека  за да се постигнат целите на планот непходно е воспоставување поголема координација помеѓу локалната и централната власт.
Претставникот на Министерството за култура, Зоран Павлов, истакна дека Менаџмент планот за управување со светското наследство од охридскиот регион, претставува значаен документ кој ќе ја подигне на повисоко ниво заштитата на културното и природното наследство, и ќе ја спречи натамошната урбана деградација на Охрид.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top