Мишко Танески ќе ги освојува Хималаите

„На ова мое патување Охрид и Македонија ќе ги претсатвам во најдобро светло“ вели Танески.

 |  Татјана Маленкова  | 
Fuere i Mishko
Фуере и Мишко

„На ова мое патување Охрид и Македонија ќе ги претставам во најдобро светло“ вели Танески.

Тој е дел од светската експедиција, која од 9-ти октомври до 7-ми ноември ќе се обиде да го освои врвот АЛАНПИК на Хималаите.

planinski vrvСонот на секој алпинист е да се качи на врвот на светот. Охриѓанецот Мишко Танески тргнува во нови освојувања. Тој заедно со уште тројца Македонци ќе биде дел од светската експедиција која од 9-ти октомври до 7-ми ноември ќе се обиде да се искачи на врвот АЛАНПИК на Хималаите висок 6189 метри.

„ Врвот е во кругот на Монт Еверст….тој е на 15 километри воздушна одалеченост од највисокиот врв на светот“, вели Танески и додава „За реализирање на мојот сон се подготвувам подолг период. Пред да се приклучам на светската експедиција ќе одам во Бугарија на крајни подготовки“.

„Сите велат дека по враќање од Хималаите си нов човек, сакам да го почувствувам тоа…, вели охриѓанецот Танески.

Танески  ветува дека во Англија, Индија и Непал, Охрид и Македонија ќе ги претстави во најдобро светло.  „Ги повикувам сите млади што поскоро да се вклучат во овој спорт, затоа што планинарството е крал во спортовите“ вели Танески.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top