Вечерва во предворјето на Света Софија ќе се одржи петтата фестивалска вечер на 52то издание на Охридско лето. Љубителите на музичката уметност ќе уживаат во изведбата на познатиот пијанист и композитор Мишел Камило.
Мишел Камило за прв пат пред охридската публика. Добитникот на Еми и Греми награди за исклучителни достигнувања во музичката уметност вечерва ќе ги почести посетителите на Охридско лето со уште една музичка вечер за паметење. На денешната прес конференција која се одржа во хотелот „Инекс Горица“, прво се обрати селекторката на музичкиот дел од Охридско лето 2012 Гордана Неделкова Јосифова која со воодушевување и престижни епитети го најави овој реномиран пијанист и композитор
Вечерашниов концерт на Мишел Камило прв во Македонија, е дел од светската турнеа која тој ја започнал изминатата година. Вечерва ќе настапи во придружба на неговиот гостин, перкусионистот Џовани Идалго. Камило истакна дека тие преставуваат еден извонреден тим кој верува дека во 21 век не постојат музички бариери. На денешната прес конференција можеше да се забележи дека Камило е среќен што ќе учествува на најважната културна манифестација во Македонија
„Многу ни е мило што ќе сме дел од фестивалот Охридско лето затоа што тоа е фестивал кој има голема светска репутација. И сме многу среќни што сме дел од 52то издание на фестивалот“.
Камило исто така истакна дека преддворјето на Света Софија го видел само на слики но верува во идеалната акустика, каде што вечерва ќе ни доловат една нова претстава за латинската музика, односно ќе ни докажат дека латинската музика не е убава само за игра и танц, туку и за слушање.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град