Синоќа се бараше влезница повеќе за еден од највозбудливите музички настани кои, овогодинешното издание на фестивалот „Охидско лето“ им ги понуди на својата публика.
Причина, настапот на на еден од највозбудливите музичари на светската џез сцена, пијанистот од Доминиканската Република, Мишел Kамило. Без посебни барања за време на својот престој, овој скромен музички генијалец, синоќа во предворјето на црквата Св. Софија пленеше со својата театралност во изведбата, извонредната техника,силната енергија и амплитудата во динамиката, кавлитети кои го сместуваат во редовите на најпрепознатливите џез музичари на денешницата. Синоќешниот коцерт кој ја воодушеви публиката, беше дел од веќе започнатата светска турнеја од минатата година, а негова придружба беше перкусионистот Џовани Идалго. Камило како дошло до нивната соработка и истакна дека тие двајца се дуо за кое во 21 век не постојат музички бариери.
„Со текот на времето со Џовани работевме со многу генијалци од џез музиката и јас во период од две години работев на многу различни проекти, па понекоја случајност нашите животи се испреплетија“ раскажува Камило.
Перкусионисот Џовани Идалго пак, истакна дека преку нивната музика тие носат, радост, среќа, а притоа и многу се забавуваат., потенцирајќи го класичниот дел од нивните изведби.
„Класичниот дел е премногу исклучителен бидејќи преку него се среќаваат различните квалитети и гранки со различните делови од животот и различните гранки на динамиката и на животот и на музиката“ објаснува Идалго.
Мишел Камило, кого уште и го нарекуваат „малиот човек“ е роден во Санто Доминго, Доминиканската република во 1954 година. Почнува да учи хармоника, а првата средба со пијаното ја има на шест годишна возраст. Музика учи на престижниот колеџ „Џулијард“ во Њујорк и се развива под влијанија на џез великаните: Чик Кореа, Кит Џерет, Херби Хенког,Оскар Петерсон, Бил Еванс, Арт Татум. Како класичен пијанист во 90-те реализирал неколку турнеи. Уметничка вештина и виртуозност на Камило гидоближува жанровите на џезот, популарната музика и светската музика. Добитник е на престижните награди „Еми“ и „Греми“ за исклучителни достигнувања во музичката уметност.
Можеби еден од најголемите перкусионисти на денешницата, порториканскиот уметник на латински перкусии, Џовани Идалго започнал да свири на 5 годишна возраст. Роден во фамилија на музичари, Идалго прво започнал да свири на сет од конги направени од страна на неговиот татко, големиот Хозе „Манењке“ Идалго. Тој исто така вежбал на други перкусивни инструменти, развивајќи ја својата прецизна техника по која е познат денес. Идалго станува познат надвор од границите на Порторико во раните 80-ти, кога патува во Куба да работи со групата Батакумбеле. Додека настапувал со Еди Палмиери во Њу Јорк, тој станува пријател со Дизи Гилеспи, со кого во 1988 година остварува турнеја како член наоркестарот United Nations. Остварил богати турнеи и со Тито Пуенте и MickeyHart’s Planet Drum, а настапувал и со Дејв Валентин, Пакито д’Ривиера и Карлос Сантана. Снимал со голем број на реномирани музичари, меѓу кои Фреди Хабард,Пол Сајмон и Мики Харт. Неговата креативна соработка со пијанистот Мишел Камило резултира во албумот „Раце на ритамот“, издаден во 1997 година, кој бешеноминиран за Греми награда во категоријата „Најдобар латински џез“.
Трагичната приказна за ќерката на тебанскиот крал Едип, која верува дека божјите закони се помоќни од земјините, синоќа во Центарот за култура Охрид. Антигона од Софокле е драма која зборува за диктатурата, драма која што зборува за владетелот кој не дозволува сестрите да го погребаат телото на својот брат кој е убиен во братоубиствена војна. Режисерот на претставата Кенан Ишик вели дека тематиката на настаните и дејствијата во претставата, могу лесно можат да се поврзат со сегашните случувања.
„Иако е пишувана пред 2.500 години, сепак, се адаптира во времето во кое живееме како да е пишувана за наше време. Токму тоа е квалитетот што може да се толкува низ времињата“, вели режисерот Ишик.
Оваа драма во суштина е голема политичка тупаница против демократичноста и слободата на човековото изразување на емоциите и етичките кодови, вели драмскиот селектор на фестивалот Ѓорѓи Јолевски. Инаку станува збор за една од најдобрите продукции на турскиот театар, во која покрај феноменалните актерски изведби, впечатливата сцениографија и костими, голем адут на претствата беше и богатата и квалитетна музика.
Ианку вечерва во просториите на црквата Св. Софија љубителите на класичната музика ќе имаат можност да уживаат во изведбте на виолинистот Борис Бровцин и пијанистот Анастасија Волтчок од Русија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град