„Мирно и безбедно лето за охриѓани и туристите“. Под ова мото денес на иницијатива на СВР Охрид се одржа состанок со надлежните институции на кој се дискутираше како да се постигне поголема безбедност на крајбрежјето и во вода. Состојбата во споредба со минатите години се подобрува, но има простор и за понатамошно ангажирање, велат од СВР Охрид.
Угостителските објекти, хотели и ноќни клубови за време на летниот период ќе бидат дополнително контролирани од страна на полициските службеници, со цел спречување на било какво нарушување на јавниот ред и мир . На иницијатива на СВР Охрид надлежните институции денес остварија состанок под мотото „мирно и безбедно лето за охриѓани и туристите“. На состанокот беа изложени сите планови и програми кои се ажурирани во делот на ингеренциите на секоја од институциите и во делот на спроведување на надлежностите со цел секоја институција да го даде својот максимум при преземањето на своите службени дејствија за поголема безбедност на крајбрежјето и во вода, а при тоа да се одржи и трендот на намалување на казнени дела сторени во текот на летната туристичка сезона.
Целта на овој состанок е да се координираат сите субјекти за да се обезбеди јавен ред и мир и контрола по сите основи и да се елиминираат сите можности да се случи нарушувања што подоцна би можеле да ескалираат. За да се постигне тоа особено е важна и соработката со концесионерите на плажите и агенциите за обезбедување, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Димоски кажува дека на подрачјето на СВР Охрид минатата година случени се 215 казнени дела, а во 2014 година 238. Овој податок говори дека се бележи тренд на намалување на бројот на сторени казнени дела во текот на месеците јули и август на охридското крајбрежје.
Ова покажува и дека се извршило максимално ангажирање на полициските службеници во насока на одржување на редот и мирот и елиминирање на можностите за вршење кражби и други имотни деликти на охридско- струшкото крајбрежје, потенцира Димоски.
Димоски нагласува дека во однос на безбедноста на вода, во последните 4 години на охридско- струшкото крајбрежје не се евидентирани инциденти и настани кои би резултирале со трагични или други последици по животот на капачите или возачите на пловни објекти.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град