Охрид во Новата 2015 година влезе мирно. Од СВР Охрид, од безбедносен аспект, дочекот на најлудата ноќ во годината ја оценуваат позитивно без инциденти и сообраќајни несреќи. Стефан Димовски портпаролот на СВР Охрид изјави дека на градскиот плоштад организираниот дочек на новата година поминал во пријатна атмосфера без инциденти и без употреба на нелегална пиротехника.
Бил евидентиран само еден случај на нарушување на јавниот ред и мир од страна на лице под дејство на алкохол, кое предизвикало инцидент во еден угостителски објект.
Алкохилизираниот гостин побарал алкохол, но бил одбиен да биде послужен, почнал да го нарушува мирот и бил одстранет од објектот. Исто така, и во соседна Струга новогодишната ноќ поминала мирно со испад на алкохолизирано лице кое во еден објект го нарушил јавниот ред и мир.
И од охридската Општа болница нагласуваат дека измината ноќ поминала мирно без сериозни интервенции. На интерното одделение д-р Лилјана Котлар информира дека интервенирале во три случаи кај лица донесени во алкохолизирана состојба. Пациентите биле задржани преку ноќта, а потоа упатени дома.
И на хируршкото одделение во измината ноќ било интервенирано кај 8 -мина пациенти. Пациентите биле донесени со лесни повреди предизвикани од самоповредување при лизгање на мраз. Сите тие поминале без сериозни повреди и не биле задржани на хирургија. Лекарите од двете одделенија констатираат дека за разлика од претходните години дочекот на 2015 година бил еден од најмирните досега.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град