Мирна новогодишна ноќ

Мирна новогодишна ноќ. Од СВР  велат дека најлудата ноќ во Охрид поминала мирно и без никакви инциденти. Од МВР пак информираат дека во Охрид едно лице било повредено со нож, но објаснуваат дека случајот бил изолиран и дека нема никаква поврзаност со прославувањето на новата година.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Новогодишната ноќ мина мирно, без никакви инциденти, велат од СВР Охрид. Оваа информација ги радува сите бидејќи за празнициве во градов има многу домашни, но и странски гости, па можноста за инциденти е многу поголема од вообичаено.

На безбедносен план новогодишната ноќ во Охрид помина беспрекорно. Не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир и не се евидентирани сообраќајни незгоди. Нашите службеници практично и да немаа работа оваа ноќ бидејќи се беше мирно, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Но, и покрај информациите од СВР Охрид дека новогодишната ноќ во Охрид минала без нарушувања на јавниот ред и мир, од МВР информираат дека во Охрид едно лице било повредено со нож. Инцидентот се случил околу 2 часот во кругот на основното училиште „Братство и Единство“, лоцирано на улицата „7-ми Ноември“, кога непознато лице со остар предмет му нанело повреда на 20-годишно момче од Охрид, во пределот на слабината, рана околу 7-8 см. Истиот е задржан на лекување во охридската Општа болница.

Овој инцидент нема никаква поврзаност со новогодишната ноќ. Станува збор за изолиран случај и се работи на негово расчистување, вели Димоски.

Од СВР велат дека и останатите празнични денови нивните екипи постојано ќе се на терен грижејќи се за безбедноста на граѓаните, но апелираат тие да се придржуваат кон правилата и да не го нарушуваат јавниот ред и мир.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top