Мирјана Зеко проговори, како самата вели за самоволијата на локалната самоуправа

Имотот кој со денационализација владата им го врати уште во 2006 год. сеуште неможат да го користат.

 |  Татјана Маленкова  | 
skica
скица

Имотот кој со денационализација владата  им го врати уште во 2006 год. сеуште неможат да го користат.

Од секторот за урбанизам велат„ Решение за градба ќе добијат, штом достават решение за владение“.

„Со правосилно решение на 8 мај 2006 год со законот за денеционализација, ни беше вратен имот , кој за жал во моментов го имаме само на хартија“, се жали охриѓанката Мирјана Зеко.

На една парцела од нашиот имот има времен објект, дивоградба, кој никој не ја отстранува. „Законот е јасен, но сите се прогласуваат за ненадлежни за негово спроведување“, вели Мирјана Зеко, која е упорна во своите намери и додава дека ќе оди од врата до врата се додека во права смисла не стане стопан на своето.  

Mirjana ZekoЗеко појаснува дека во месец јануари минатата година поднеле барање, до секторот за урбанизам при локлната самоуправа,  за издавање на решение за локациски услови. „Одговор добивме дури по реакцијата на министерството за транспорт и врски и пред две недели ни се издаде негативно решение за првата локација.За двете други наводно требало да ни се издадат други решение“.  Но, до ден денес не сме примиле ништо, вели Зеко.

„Подолго време се одолговлекува овој проблем, затоа што се направени пропусти во самата постапка, во однос на враќањето на земјиштето “, вели раководителот на секторот за урбанизам Бранко Арнаудов.

„Сопствениците на земјиштето имале право да си го добијат и си го добиле согласно законските прописи“, додава Арнаудов.

Сопствениците на земјиштето со реакција по изјавата на реководителот на секторот за урбанизам.

Заради ваквото однесување на секторот за урбанизам ние во повеќе наврати баравме прием кај грдоначалникот, меѓутоа во целиот мандат не најде време да не прими и да ги слушни нашите проблеми, вели Зеко. Додека Семејството Зеко пишува жалби и  оди од врата до врата на раководители и министрите, во моментов на првата локција на земјиштето има објект кој се издава под закуп, а другиот дел е веќе подготвен за работа.

ТвМ и понатаму ќе информира како ќе биде разврската на овој случај.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top