Операторот за погребални услуги „Мирен сон“ реагира на утрешната точка на општинскиот Совет која ќе се најде пред охридските советници. Тие треба да се изјаснат по предлог Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на надоместокот на услугите што ги врши ЈП „ Градски гробишта“. Со најновата одлука се предвидува да се наметне нова давачка за граѓаните во висина од 1000 денари по погреб, за пристап и користење на комуналната инфраструктура на гробиштата. Во реакцијата на „Мирен сон“ стои дека граѓаните преку операторите за погребални услиги веќе плаќаат ваков трошок, според Законот за гробишта и погребални услуги, за ладилник 40 денари на час и мртовечница 870 денари на час. Сега новата давачка за граѓаните преставува незаконско наметнување на дополнителни трошоци и плаќање два пати за иста услуга, смета операторот за погребални услуги. Напоменуваат дека и Министертсвото за транспорт и врски, надлежно за оваа проблематика, писмено се изјаснало по ваквиот предлог дека со секој дополнително наметнат трошок се крши Законот и Уставот на РМ. Од „Мирен сон“ апелираат советниците да застанат на страната на граѓаните и да не ја усвојат утрешната точка бидејќи е штетна за граѓаните.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град