Мирен протест на жителите на ул.Илинденска

Металните порти со кои Дебарско кичевската епархија го огради просторот над црквата Св.Софија ги примора на мирен протест жителите на улицата Илинденска во стариот дел на градот.

 |  Мишел Наумоски  | 
pateka

Жителите на улицата Илинденска во стариот дел на градот денес излегоа на мирен протест. Тие го изразија своето незадоволство од одлуката на Дебарско кичевската епархија, по оградувањето на црквата Св.Софија да се заклучат двете метални порти, со кои просторот на летната сцена која ја користи фестивалот Охридско Лето целосно е непристапен.

sv.Sofija portiЖителите на Илинденска се жалат дека вакво нешто за прв пат се случува, односно дека со заклучувањето на овие порти се прекинува врската помеѓу улицата Илинденска и самиот брег на езерото, премин кој според нив постои најмалку 200 години.

„Повозрасните во оваа населба, овде сум роден, пред 80 години, не знам дали е тоа привилегија или казна, одсекогаш овде било отворен простор, улица, вистинска улица која од Горна Порта слегува директно до езеро. Сега таа улица е прекината, прекината е под наредба на големите црковни великодостојници од Дебарско-кичевската Епархија. Охрид е Охрид, не е ниту Дебар ниту Кичево, па според тоа ми се чини дека поарно ги знаеме ние приликите од тие.“

protest ziteli Ilindenska„Конкретно се жалиме на протокот на сообраќај север-југ односно од езерово кон Горна порта, тоа секогаш било отворено, така е и по урбанистичкиот план, постоела со векови комуникација која што пред неколку години е прекината, без одобрение и без документација, сигурно сме затоа што своевремено реагиравме и до сите институции праќавме протестни писма, меѓутоа не добивме од никого одговор, оградата се затвори и ние сме на некој начин обесправени.“-рекоа дел од нив.

Заклучените метални порти и самиот премин кој води од Илинденска до самиот брег на езерото проблем и за угостителите кои работат во населбата Канео.

zakluceni porti sv.Sofija„Ние како угостители во стариов дел на градов, поточно позади црквата „Св.Софија“ е патчето „Грдано“ кое води до четири или пет угостителски објекти во населбата Канео, со ова што е затворен овој пат ни е ускратено правото и нас и на гостите да го работиме тој занает, угостителството затоа што патевите треба да се отвораат, а не да се затвораат. Ако сака црквата да се заштити, нека го заштити својот дел меѓутоа нека го отвори патот за да можеме граѓаните и ние угостителите и туристите да живееме и да работиме во овој дел.“-вели угостителот, Томе Тримчев.

protestСо цел да го чуеме ставот од Дебарско кичевската епархија денес се обидовме да стапиме во контакт со нив, но до затворањето на дневникот, од Епархијата не одговараа на нашите повици. Инаку жителите на Илинденска кои денес протестираа во неколку наврати писмено се обратиле и до митрополитот на Дебарско-кичевската епархија, г.Тимотеј, а доставиле писмено барање и до градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, барајќи помош во посредување кај Епархијата. Камената ограда околу црквата Св.Софија, како и оградата од ковано железо беа поставени во летото 2014та година, и тогаш исто така тој потег наиде на негодување од страна на жителите од овој дел од градот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top