Охридските нуркачи со нови вредни откритија.
2 минофрлачи и едно ѓуле беа извадени од водите на Охридското езеро. Охридските нуркачи се носители на акцијата за отстранување на неексплодирани боеви средства. Акцијата је води дирекцијата за заштита и спасување при завод и музеј од Охрид.
Експонатите беа извадени од езерото во непосредна близина на хотел „Палас“ на длабочина од околу 5 метри. Минофрлачите се смета дека потекнуваат од првата светска војна а произведени биле во 1916 година во Нинберг Германија додека пак ѓулето потекнува од 15 век, вели кустосот во музејот, Никола Целакоски.
„Првични претпоставки се дека тоа се орудија на бугарската армија која после каппитулацијата кон крајот на септември 1908 год и најверојатно се исфрлени во водите на Охридското езеро. Тука непосредно отпочнува и македонскиот фронт на Галичица.“
Целакоски вели дека се работи за вредни експонати кои досега никаде во Македонија не се откриени, а тешко дека ги има и во Струшкиот дел на езерото, додаде тој. Постојат повеќе претпоставки зошто токму на ова место се пронајдени, вели Целакоски.
Досега откриените орудија извадени од водите на Охридското езеро сеуште не се експонирани пред јавноста. Целакоски вели дека добар дел од нив се конзервирани и веќе наредниов месец ќе бидат изложени.
Системот на откривање на орудијата е многу тежок, но според претпоставките на кустосите од Завод и Музеј езерото крие уште многу експонати кои треба да се пронајдат. Досега се откриени голем број орудија кои стручно се поделени. Се работи за 100 кубури и 150 пушки. Согласно законот за културно наследство орудијата претставуваат дел од нашето културно наследство и се превземаат конзерваторски мерки во музејот за нивна заштита.
{loadposition content}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град