И годинава завод и музеј доби големо парче од финансискиот колач на министерството за култура.
Министерството за култура ги објави проектите кои ќе ги подржи годинава. Најмногу пари вообичаено од колачот издвоени за завод и музеј Охрид. „Аплициравме со многу повеќе проекти, но со оглед на кризната ситуација, мораме да сме задоволни со ова што го добивме. Одобрените пари претежно се однесуваат за продолжување на започнати проекти“, вели директорката Тања Паскали Бунташеска.
Бунташеска открива дека годинава ќе се конзервира ранохристијанската базилика на локалитетот Манчевци, за кој потпорните ѕидови беа изработени минатата година. Годинава според плановите овој локалитет треба комплетно да биде завршен, а тука спаѓа и комплетирање на мозаиците и нивно претставување за јавност.
Директрката на завод и музеј додава дека годинава заводот продолжува со реализација на третата фаза од куќата на Ајри Доко со што и овој објект ќе се покрие, а ќе се заврши и фасадата со надворешната столарија.
„Изработка на 15 елаборати на објекти за охридска градска архитектура. Со тоа завршуваме со процесот на валоризација и ревалоризација на куќите во Охрид. Добивме средства и за изработка на елаборати за ревалоризација на пет сахрални објекти, христиански и муслимански и со тоа ќе завршиме со процесот на ревалоризација на сахралните објекти во Охрид. Добивме средства и за 15 елаборати за ревалоризација на објекти во Струга. Со ова ќе бидеме при крај со ревалоризација на објекти во Струга. Во Вевчани завршиме со овој процес“, вели директорката на завод и музеј,Тања Паскали Бунташеска.
Покрај куќата на Ајри Доко, министрството за култура одлучи фасада да добие и куќата каде сега е ресторанот Антико.
Завод и Музеј годинава ќе работи и на проекти преку кои ќе изврши санација на фрескоживописот на три цркви на кои работи подолг период. Тоа се Св.Никола во село Косел, црквата Сите Свети во село Лешани и црквата св. Богородица захумска. Оваа година треба да заврши конзервацијата и на црквата сите свети во село Лешани.
Директорката Паскали Бунташески открива дека за црквата Св. Богородица захумска побарале средства и од Американската амбасада, поточно конкурирале на нивен повик и се надеваат дека со тие пари комплетно ќе заврши фрескоживописот и на оваа црква.
Покрај проекти од областа на заштитата, завод и музеј доби пари и за проекти и од областа на музејската дејност. Средства за изработка на проект за конзервација на две икони од постојната поставка во галеријата на икони и средства и за нивна конзервација. Дознаваме дека ќе биде организирана изложба од теренските истражувања на сахралните објекти, црковниот мебел и селските слави од областа Дебрца. Овие проекти стручните лица на завод и музеј ги истражуваа изминатите три години.
Од проектоте на Завод и музеј одобрени се и оние кои се однесуваат на заштита на текстилни етнолошки предмети и изложба и презентација на скутници и чорапи од нашата етнолошка збирка. Директорката додава дека добиле средства и за откуп на етнолошки предмети со што ќе ја збогатат збирката која ја имаат.
Што се однесува до поголеми проекти како што се археолошките ископини и Киклопските ѕидини, Паскали Бунташеска вели дека тоа се Капитални проекти кои ги организра и раководи Управата за заштита на културно наследство.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град