Крајбрежниот простор, што води покрај патот за Горица Прва, хортикултурно ќе се уредува.
Овој дел од брегот многу скоро ќе се претвори во зелено катче, излетнички простор, во кој охриѓани и гостите ќе најдат пријатно место за одмор, најавува првиот човек на ЈП „Комуналец“, Сашо Алчев.
Просторот во моментов е запуштен, несреден и со купови шут, неодамна изваден од езерските води кога се закануваше прелевање. Алчев информира дека просторот ќе биде исчистен од шутот веднаш штом се подобрат временските услови.
Желбата за чисто крајбрежје на комуналците им ја мати Министерството за транспорт и врски. Сеуште не е најдено решение за исплата на парите за извршените услиги за чистењe на плажите кои се во сопственост на државата. Она што во моментот, повеќе загрижува е добро познатиот проблем со чистењето на плажите во државна сопственост, а за кои Министерството за транспорт и врски одбива да плаќа надомест за извршената услуга, нагласува Алчев. Ресорното министерство го чита законот како што им одговара, а во делот на обврските се оглушуват, нагласува Алчев. Додава дека досега за чистење на плажите од ова министерстсво не добиле никаков надоместок.
Излез од оваа ситуиација се гледа во измените на Планот за јавна чистота. Алчев укажува дека ќе се направи детална постапка на чистење на плажите во текот на 365 дена, не само во летната сезона, а ќе се одржуват и пристапните регинални патишта кои досега слабо се одржуваа. Во тој случај сметките за извршените услуги ќе се доставуваат според Законот на адреса на Министерството, кое е надлежно за исплата на парите за извршените услуги. Измените на Планот за јавна чистота ќе се најдат наскоро пред охридксите советници, нагласува Алчев.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град